За опоравување и детоксикација: Чорба од брокула и ѓумбир

Фото: Pexels
50

Со оглед на сезоната на вируси и настинки, ако сте помеѓу оние кои во моментов се борат со некој вирус или едноставно сакате да го опоравите и да го зајакнете организмот, пробајте ја оваа вкусна чорба за детоксикација!

Доколку постојано се чувствувате изморено и немате енергија за ништо, обидете се со оваа вкусна супа која лесно и брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде.

Состојки:

1 голема главица брокула
1/2 исечкан кромид
1 лажица маслиново масло
1/2 лажиче каранфилчиња
1 лажичка рендан ѓумбир
2 сечкани чешниња лук
сок од 1/2 лимон
2 чаши вода
сол
црн пипер

Приготвување:

Пропржете ги кромидот и лукот на масло додека не добијат златна боја.

    Додадете ја исечканата брокула, каранфилчиња и ѓумбир. Динстајте сè околу 4 минути со постојано мешање. Додадете вода, покријте и варете 10 минути.

    Тргнете го тенџерето од оган и оставете малку да се излади. Истурете го вишокот вода во друг сад.

    Потоа додадете сол, црн пипер и сок од лимон и мешајте користејќи миксер и додавајте од водата во која се варел зеленчукот додека не ја добиете саканата густина.

    Стоплете ја супата уште еднаш и послужете.