Прехранбени навики кои го спречуваат растот на холестеролот

Фото: Pexels
163

Здравиот и балансиран начин на живот може да помогне во одржувањето на здрави нивоа на холестерол и да ги спречи срцевите заболувања, а кардиолозите се согласуваат дека овие 5 навики во исхраната се клучни

Навиките во исхраната кои пoттикнуваат севкупно добро здравје и губење на тежината се исти како оние кои можат да го подобрат профилот на холестеролот и да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Кардиолозите се согласуваат дека одредени аспекти на животниот стил се од клучна важност за здравјето на срцето и тие ставаат посебен акцент на еден од нив, според Eat This, Not That.

Ова се 5 клучни навики во исхраната вообичаени кај луѓето кои го намалиле холестеролот на здрави нивоа.

Овесна каша за појадок

„Имам семејна историја на висок холестерол, па затоа сум свесна за мојата исхрана и успеав да го задржам мојот холестерол во здрав опсег без никакви лекови“, вели нутриционистката Кристина Лабони. Нејзиниот главен појадок е овес.

„Овесната каша содржи растворливи влакна, тип на влакна кои помагаат да се намали ЛДЛ холестеролот во крвта“, вели таа.

Студиите покажаа дека три до четири грама растворливи влакна дневно помагаат во намалување на LDL холестеролот за речиси 10%.

Избегнување на слатки пијалаци
Создавањето навика да избегнувате пијалаци засладени со шеќер како газирани пијалаци, коктели со сокови и слатки чаеви и кафиња, може да ви помогнат во нивото на холестерол.

Една 12-годишна студија воJournal of theAmerican Heart Association, која опфатила 6.000 учесници, покажала дека зголемената потрошувачка на шеќер е поврзана со висок холестерол, вклучувајќи негативни промени во концентрацијата на добриот HDL холестерол и триглицеридите.

Според многу кардиолози, токму овој чекор е клучен за одржување на здрави нивоа на холестерол.

Редовно консумирање на псилиум

„Слично на овесните снегулки и гравот, лушпите од псилиум се одличен извор на растворливи влакна, а растворливите влакна помагаат во намалување на холестеролот такашто се врзуваат за холестеролот во цревата, кој го елиминираат при движењето на дебелото црево“, вели регистрираната диететичарка Вероника Роус.

Прашокот од лушпа од псилиум може да се помеша во сок или други пијалаци за да се создаде густ гел во цревата и да се одржи чувството на ситост.

Меѓуоброкот се состои од јаткасти плодови

Мастите се суштински дел од здравата исхрана, но одредена маст наречена транс-масна киселина е страшна за холестеролот.

Транс масните киселини кои се наоѓаат во пакуваната и високо преработената храна како бисквити, крекери, пржена храна, колачи и други печива наменети за долг рок на траење го зголемуваат нивото на вкупниот и ЛДЛ холестеролот и го намалуваат добриот ХДЛ.

Јатките, за разлика од нив, се полни со растителни верзии на омега-3 масни киселини здрави за срцето, за кои е докажано дека го намалуваат вкупниот холестерол и триглицеридите.

Исто така, тие се одлична закуска за задоволување на нападите од глад.

Давање предност на здрави масти и растителни протеини

Луѓето кои имаат понизок холестерол имаат тенденција да јадат повеќе растителни протеини како грав, мешунки и тофу наместо црвено месо, кое е богато со заситени масти.

Според Клиниката Мајо, заситените масти имаат тенденција да го подигнат нивото на ЛДЛ холестерол.