Тој е една од најхранливите намирници на светот: Имаме рецепти за јадења со кељ

Фото: Pexels
232

Една порција кељ задоволува повеќе од 100 проценти од дневните потреби за витамин Ц, повеќе од 200 проценти од потребите за витамин А и неверојатни 700 проценти од потребите за витамин К. Имаме и рецепти за неколку јадења со кељ

Кељот спаѓа меѓу најздравите намирници на светот. Тој ѝ припаѓа на групата зелјести растенија и е една од најсилните антиканцерогени билки за која се верува дека го намалува ризикот од рак на дојка, бешика, дебело црево, јајници и простата.

Исто така, кељот ја поттикнува природната детоксикација на организмот и е многу богат со антиоксиданти.

Кељот е една од најхранливите намирници на планетата

Кељот содржи моќен нутритивен состав. Само една порција обезбедува повеќе од 100 проценти од минималната дневна потреба од витамин Ц, кој е важен за имунитетот, како и повеќе од 200 проценти од минималната дневна потреба од витамин А. Оваа хранлива состојка исто така го поддржува имунитетот, како и кожата и здравјето на мозокот.

Покрај тоа, кељот содржи и помали количини на клучни минерали, вклучувајќи калиум, калциум, магнезиум, манган, железо, бакар и фосфор. Нуди и витамини од групата Б, важни за енергијата, и некои растителни омега-3 масни киселини, како и растителни протеини.

Кељот е важен за здравјето на коските
Кељот е главен извор на витамин К, бидејќи само една порција содржи речиси 700 отсто од потребната дневна доза.

Покрај тоа што помага во згрутчување на крвта, оваа клучна хранлива состојка ги штити коските. Витаминот К е потребен за формирање на коските, а неколку студии покажаа дека недостатокот на овој елемент е поврзан со зголемен ризик од фрактури и остеопороза.

Го смирува воспалението
Овој зеленчук е моќен извор на антиоксиданти, за кои е познато дека имаат антиинфламаторно дејство, го забавуваат стареењето и развојот на болести.

Антиоксидантите се борат и со оксидативниот стрес, кој се јавува кога постои нерамнотежа помеѓу производството на слободни радикали кои ги оштетуваат клетките и способноста на телото да се спротивстави на нивните штетни ефекти.

Поради овие причини, кељот се смета за една од водечките намирници за борба против болести.

Кељот го штити срцето
Докажано е дека го намалува холестеролот со зголемување на неговото излачување и спречување на неговата реапсорпција од дигестивниот тракт во крвотокот.

Во една студија кај мажи со висок холестерол, консумирањето сок од кељ дневно во текот на 12 недели го зголемил „добриот“ HDL холестерол за речиси 30 проценти и го намалил „лошиот“ ЛДЛ за 10 проценти, истовремено подобрувајќи го статусот на антиоксиданти.

Кељот, исто така, помага да се заштитат од оштетување ѕидовите на артериите.

Го намалува ризикот од рак
Како член на таканареченото семејство на крстовиден зеленчук, кое вклучува и брокула, карфиол, прокељ, зелка, кељот содржи природни соединенија кои помагаат во заштитата од рак.

Има способност да ги заштити клетките од оштетување и мутации на ДНК, да ги деактивира соединенијата кои предизвикуваат рак, да го забави растот и ширењето на ракот, па дури и да ги „убие“ клетките на ракот.

Добар е за здравјето на очите
Антиоксидантите зеаксантин и лутеин во кељот ја штитат мрежницата и леќата на окото.

Исто така, се покажало дека го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација и катаракта, две вообичаени нарушувања на очите.

Добар е за диети
Една порција кељ содржи приближно 10 до 30 калории, во зависност од тоа како се подготвува. Содржината на вода и влакна го прави заситен, па ако вашиот оброк вклучува кељ, ги намалувате калориите.

И покрај сите здравствени придобивки, кељот сигурно не го користиме толку колку што би требало. Ако немате идеја како да го воведете во вашето мени, еве неколку одлични предлози.

Песто од кељ

Состојки:
120 гр сецкан кељ, извадете ги тврдите стебленца
40 гр бадеми
1 чешне лук
60 гр пармезан сирење
30 мл ладна вода
1 лажица сок од лимон
½ лажичка сол
30 мл маслиново масло

Приготвување:

Исплакнете го кељот, исушете го, исечкајте ги листовите и ставете ги во блендер заедно со бадемите, ренданиот пармезан, лукот, солта и водата и мешајте додека состојките не се претворат во кремаста смеса.

Додадете го маслиновото масло и изблендирајте уште неколку пати додека состојките добро не се соединат. Додадете повеќе вода или масло додека не ја постигнете саканата конзистентност, потоа зачинете по вкус.

Чипс од кељ. 

Ова е навистина одлична замена за оние нездрави купечки чипсови кои често знаеме да ги јадеме кога ќе почувствуваме глад.

Леб од кељ и фета сирење. Од оваа вкусна билка можете да направите и леб како одлично предјадење.

Состојки:

2 шолји исечкани листови кељ

½ шолја свеж магдонос

¼ шолја свежо нане

¼ шолја свеж копар

150 грама здробено фета сирење

Шолја кисело млеко

½ шолја маслиново масло

2 јајца

Пармезан

Приготвување:

Вклучете ја рерната на 180C. Намачкајте го правоаголниот калап за леб со масло или путер или ставете хартија за печење.

Во поголем сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта, црниот пипер, кељот, исечканите свежи билки и фета сирењето.

Во друг сад измешајте ги јајцата, јогуртот и маслиновото масло и додадете ги течните во сувите состојки.

Добиеното тесто добро измешајте го, па ставете го во калапот и речете околу 45 минути.

Оставете го лебот да се олади пет минути во калапот пред да го извадите. Послужете го поросен со пармезан.

Зелено смути. Без проблем можете да го додадете кељот во вашето утринско смути, кое е особено добро за детоксикација од алкохол и мрсна храна.

Вариво од кељ, колбаси и бел гравОва е вистински зимски оброк кој ќе ве окрепне и ќе ви ги даде потребните нутриенти.

Состојки:

450 г бел грав

8-9 шолји вода

Морска сол и црн пипер

3 лажици маслиново масло

2 средни главици црвен кромид

½ шолја исечкано стебленце од целер

½ шолја исечкани моркови

3 чешниња лук

Сува мајчина душица

Свежи домати, излупени и исечкани

кељ

450 г колбаси

Приготвување:

Во тенџере загрејте го маслиновото масло, ставете го исечканиот кромид и кратко динстајте, додадете ги целерот, моровите и лукот, посолете, додадете ја мајчината душица, добро измешајте и динстајте 5-7 минути. Додадете ги доматите и оставете да зоврие, па додадете ја водата, колбасите кои претходно малку ќе ги запржите во тавче, кељот кој претходно малку сте го обариле во врела вода и сте го исечкале на парчиња и белиот грав од конзерва. Поклопете и оставете да се вари сѐ заедно  од 10 до15 минути..