Ресетирајте ги вашите навики во исхраната по празниците

Фото: Unsplash
52

Во зависност од тоа што јадеме и пиеме и на колку колачи не можеме да им одолееме, ќе ни требаат повеќе од 60 минути пешачење за да ги согориме сите тие калории кои ги внесовме за време на празниците

Официјално е 2025 година. Новата година носи нови почетоци и можност да ги ресетираме нашите прехранбени навики по празниците.

Андреа Делгадо, диететичарка во клиниката Мајо, вели дека најдобро е да го елиминираме она што не ни треба, вклучувајќи ги и остатоците од прославите.

По празниците треба да се ослободиме од сета преостаната храна и пијалаци што останаа по празниците, вели таа.

Бидејќи не сакаме кога се фрла храна, ние советуваме да се распределат на повеќе денови, да се замрзнат и да ги јадеме полека во помали порции.

Важно е полека да почнеме да им се враќаме на старите навики. Почнете да воведувате зеленчук и овошје со повеќето оброци, вели Делгадо.

Сите со нетрпение ги очекуваме празниците, но дополнителните калории што ги внесуваме во тој период го зголемуваат нашиот струк. Лори Молина, диететичарка во клиниката Мајо, има неколку здрави совети како да ги согорите калориите по раскошните оброци и традиционалните омилени задоволства.

Суштината е во умереноста

За да се ослободиме од внесените калории, во зависност од тоа што јадеме и пиеме и на колку колачи не можеме да им одолееме, ќе ни требаат повеќе од 60 минути пешачење за да ги согориме сите тие калории.

Уживајте во храната и времето со семејството, но, во умерени количини. И – внимавајте на големината на порциите храна – забележува Молина.

Не е неопходно веднаш да се започне со диета. Не мора нужно да ја елиминираме целата наша храна. Треба само да внимаваме на големината на порциите и зачестеноста на консумирање храна – вели Делгадо.

Одберете посни протеини, цели зрна и свежи производи во вашата исхрана и повремено дозволете си уживање.

Во исхраната нема сè или ништо. Сè уште можеме да уживаме во тие убави задоволства, вкусни десерти, одлични пијалаци. Суштината е во тоа колкава количина и колку често ги консумираме – вели Делгадо.

Ресетирајте ги вашите навики за јадење со контрола на порциите

Поедноставете ја контролата на порциите со делење на вашата чинија на три дела. Ова може да ви помогне да направите поздрав избор на храна и поефикасно да управувате со вашите порции.

Половина од чинијата наполнете со овошје и зеленчук без скроб
Една четвртина со цели зрна
Една четвртина од чинијата, храна богата со протеини, како што се мешунките, рибата или посно месо.