Го штитат црниот дроб, го подобруваат варењето и помагаат при дијабетес

Фото: Pexels
137

Киселите краставички им се омилени на многумина, па убаво е да се прочита и дека се добри за здравјето. Содржат голема количина на вода, протеини, многу малку масти и диетални влакна, а се богат извор и на минерали и витамини


Ретки се оние кои не сакаат кисели краставички, поради што често се на менито.
Содржат голема количина на вода, протеини, многу малку масти и диетални влакна.

Покрај тоа, тие се богат извор на минерали, вклучувајќи калиум, натриум и фосфор. Исто така, содржат витамини како што се витамин Ц, А, Б-6, Б-12, рибофлавин, ниацин и тиамин.

Тие се моќен антиоксидант – го штитат телото од слободните радикали, нестабилни хемикалии кои ги оштетуваат клетките во нашето тело.

Киселите краставички се одличен пробиотик – го балансираат варењето и го забрзуваат создавањето на добри бактерии кои се клучен дел од нашето здраво варење.

Го штитат црниот дроб – освен што го подобруваат варењето, киселите краставички го штитат и црниот дроб и му помагаат да ги филтрира токсините од телото.

Тие спречуваат чир на желудникот – чир е внатрешна рана во желудникот или оштетување на мембраната предизвикана од киселини. Киселите краставици го штитат желудникот и го спречуваат создавањето на чир.

Помагаат при дијабетес – истражувањата покажале дека киселите краставички го стабилизираат количеството на хемоглобин – протеин во црвените крвни зрнца кој носи кислород. Киселоста на краставиците помага да се контролира дијабетесот.