Мислите дека ќе ослабнете ако јадете само овошје за вечера?

Фото: Pexels
37

Дали ова функционира или има спротивен ефект од посакуваниот?

Јадењето само овошје за вечера неколку пати неделно е вообичаена практика што многумина ја применуваат за детоксикација или за губење на тежината.

Но, дали сте сигурни дека е тоа добра идеја?

Некои експерти сметаат дека таквата навика дури може да доведе до спротивен ефект, имено зголемување на телесната тежина. Применувањето на таквата практика само повремено, особено кога се чувствуваме подуени или по обилен оброк порано во текот на денот, може да биде прифатливо решение, но во секој случај тоа не е препорачливо бидејќи вечерата базирана исклучиво на овошје не е ниту заситувачки, ниту комплетен оброк.

Што се случува ден потоа?

Експертот за спортска исхрана Сандра Лорден Алварез тврди дека таквата практика е штетна и води до зголемување на телесната тежина.

„Јадењето само овошје за вечера значи недоволно внесување на есенцијални хранливи материи, како протеини и здрави масти, кои промовираат чувство на ситост и правилно функционирање на организмот. Недостатокот на овие хранливи материи може да предизвика зголемена глад следниот ден, што претставува ризик за епизоди на прејадување бидејќи се будиме со голема глад и желба за храна“, објаснува таа.

Долгорочни последици

Иако ги признава значајните придобивки од консумирањето овошје, нутриционистката нагласува дека е исклучително важно да се земат предвид сите можни последици од ваквата вечера.

Значи, не само она што ќе се случи следниот ден, туку и долгорочните последици.

Овошјето е богато со минерали и влакна, но содржи и природни шеќери кои можат да влијаат на нивото на шеќер во крвта. Кога нашата вечера се состои само од овошје, а особено ако го консумираме во големи количини, може да дојде до значително зголемување на нивото на шеќер во крвта, особено ако избираме видови на овошје со висок гликемиски индекс.

„Ненадејното зголемување на шеќерот во крвта носи ризик од активирање на инсулински одговор кој, на долг рок, може да придонесе за развој на отпорност на инсулин и други метаболички проблеми“, вели Алварез.

Нутриционистот Чарлс Орико додава дека поради високата содржина на природни шеќери, особено во одредени видови овошје, овошната вечера може да предизвика ненадеен скок на шеќерот во крвта, а доколку таа енергија не се искористи, ќе се претвори во масно ткиво.

Доколку навистина сакате да вечерате овошје…

Поради сето ова, не е чудно што експертите советуваат конзумирањето овошје за време на вечерата секогаш да биде придружено со внесување на други макронутриенти, како протеини и здрави масти.

„Овошјето за вечера може да биде здраво, но се препорачува да се комбинира со друга храна која содржи протеини и здрави масти, како јогурт и јаткасти плодови. Ова ќе ни помогне да одржиме рамнотежа на шеќерот во крвта и да обезбедиме позаситен и комплетен оброк, а со тоа да го намалиме чувството на глад. Освен тоа, со избирање на овошје со низок гликемиски индекс, како што се јагоди, малини, круши или јаболка, можно е да се спречи зголемување на нивото на шеќер во крвта“, вели Алварез.

Протеинот е сепак подобра опција за слабеење

Доколку навистина сакате да ослабнете, најдобра опција е протеинската вечера бидејќи како што објаснува нутриционистот Лео Серуд, овошјето содржи многу шеќер и подобро би било да го јадете за ручек наместо за вечера. Тој исто така забележува дека за да се избегне зголемување на телесната тежина, овошјето треба да има висока содржина на вода и влакна и да има малку шеќер.

Важно е кога и колку ќе вечерате.

Прескокнувањето на вечерата не е здрав избор, дури и кога се обидувате да изгубите тежина. Сепак, досегашните студии сугерираат дека е препорачливо да се концентрира внесот на храна во текот на денот и да се избегнуваат големи оброци навечер.

Иако, велат нутриционистите, хрононутриционизмот е сè уште релативно младо поле на истражување, студиите покажуваат дека јадењето помеѓу 19 и 30 и 21 часот, временскиот интервал кога се лачи хормонот за спиење мелатонин, може да го зголеми нивото на холестерол, да ја намали енергетската потрошувачка и толеранцијата на гликоза. Затоа, се согласуваат тие0, раната вечера е секогаш најдоброто решение.