Јадете сирење: може да го намали ризикот од ‘рчење и апнеја при спиење

Фото: Pexels
25

Оваа храна го зголемува нивото на тестостерон, но и го намалува крвниот притисок

‘Рчењето не е исцрпувачко само за партнерот туку и за оние кои ‘рчат.

Секој што ‘рчи треба да се консултира со својот лекар бидејќи ‘рчењето често се поврзува со апнеја, опасни паузи во дишењето за време на спиењето кои ги зголемуваат отчукувањата на срцето и крвниот притисок, а со тоа и ризикот од други кардиоваскуларни заболувања.

Кинеските истражувачи откриле дека за ‘рчењето може да помогне намирницата што обично ја имаме сите дома.

Понизок крвен притисок

Во една студија објавена во списанието Sleep Medicine, истражувачите заклучиле дека ризикот од ‘рчење и апнеја може да се намали со консумирање сирење!

Сирењата како чедар, камамбер и горгонзола го намалуваат ризикот од развој на апнеја благодарение на одредени метаболички процеси.

Научниците од Народната болница во Qiandongnan објаснуваат дека сирењето го зголемува нивото на тестостерон, но и го намалува крвниот притисок.

Високиот крвен притисок не е само можна последица туку и причина за апнеја.

Генерално, консумацијата на сирење влијаела на нивоата на 23 од 44 анализирани биомаркери, што е потенцијал за понатамошно истражување.

Што друго помага?

И некои мали трикови можат да го намалат ризикот од ‘рчење:

спиење на страна

ако спиете на грб, ставете перница под грбот

идеалната собна температура за спиење е 14 до 18 степени

тишина или смирувачка музика во соба

најдобро е да не се јаде доцна и да се избегнува тешка храна

се советува и избегнување на алкохол

Исто така, има и назални фластери, разни апарати кои помагаат за правилно дишење. Препорачливо е да се намали и вишокот телесна тежина.