Плескавици од ослиќ

Фото: Freepik
60

Вкусно јадење од риба без капка масло


За вашето рибно јадење оваа недела, изберете плескавици од ослиќ.

Во овој рецепт плескавиците се печат во рерна без капка масло и се вкусен и здрав оброк за целото семејство.

Послужете ги со компир салата или прилог по ваш избор.

Состојки:

1 кг ослиќ
1 кромид
60 гр брашно
3 лажици презли
3 чешниња лук
1 лажичка пиперка
сол, бибер

Подготовка:

Филетите од ослиќ се варат во солена вода околу половина час.

Процедете ги и оставете ги да се изладат. Ставете ги во блендер, додадете ситно сечкан лук и кромид, брашно, презли и зачини по вкус.

Измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса.

Со дланките формирајте ќофтиња со саканата големина и ставете ги на плех обложен со хартија за печење.

Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути додека не добијат убава кора.