Ракија од жалфија, посилна од кој било антибиотик

Фото: Pixabay
76

Лек за разни воспалителни процеси, болки во грлото, инфекции на мочниот меур, кашлица, против воспаление на слузокожата, дијареа, испирање на непцата.

Жалфијата е едно од најстарите лековити растенија.

Приказната за жалфијата ќе ја започнеме со една стара латинска поговорка: „Зошто човек да умре кога расте жалфија во неговата градина?“

Ова можеби најдобро ни кажува за важноста на жалфијата и како таа уште од дамнина била позната и препознаена како исклучителен лек за многу болести.

Познато е дека Карло Велики меѓу сите лековити билки особено ја издвоил жалфијата.

Тој дури издал декрет со кој е наредено да се одгледуваат лековити билки на сите државни имоти. Од околу сто различни билки, жалфијата била на прво место.

Жалфијата е лек за разни воспалителни процеси, болки во грлото, инфекции на мочниот меур, кашлица, воспаление на слузокожата, дијареа, испирање на непцата и намалување на лачењето на потните жлезди.

Жалфијата помага при висока телесна температура, болки во телото и грозница што се јавува при настинка.

Ракија од жалфија:

Во 1,5 литар чиста домашна ракија треба да натопите 250 грама свежи листови жалфија (ако немате, може да се користат и суви).

Оставете да отстои 3 недели, па процедете и додадете 1,5 килограм багремов мед.
Истурете во стаклени шишиња и оставете да отстои уште 3 недели.

Протресете повремено и земајте по една мала лажичка еднаш дневно. Имајте предвид дека ова е исклучително здрав и добар рецепт за целото семејство.

Тинктура за превенција на болести:

Додадете 20 грама листови жалфија во децилитар 70% етил алкохол.

Оставете го да отстои на топло место еден месец.

Додадете околу 15 капки во малку вода и пијте 3 пати на ден. Децата и бремените жени не треба да го користат ова.

Жалфија и цимет против бронхитис:

Научно е докажано дека циметот убива голем број бактерии, дури и оние кои се отпорни на антибиотици.

Само една лажичка цимет убива 99,5% од бактериите за само три дена.

Растопете две лажици шеќер и прелијте со половина литар млеко.

Кога ќе зоврие тргнете го од оган и додадете една лажичка ситно сечкана жалфија и половина лажичка цимет во прав.

Оставете да отстои десет минути, процедете и пијте три пати на ден.

Кога не треба да користите жалфија

Жалфијата не треба да ја користат бремени жени, доилки или луѓе со епилепсија.

Несакани ефекти
Иако жалфијата е природен лек, понекогаш може да предизвика несакани ефекти како што се:

  • гадење;
  • повраќање;
  • вртоглавица.

Чајот од жалфија не треба да се пие подолго од две недели бидејќи постои можност да настанат токсични ефекти поради присуството на тујонот.