Палачинки од компири

Фото: Pexels
50

Брзо и лесно се подготвуваат, а што е најважно, не ви се потребни многу непотребни состојки. Секоја палачинка се пржи по 2-3 минути од двете страни.

Палачинките од компир се совршен избор за брз појадок или ужина, а ќе ги сакаат дури и децата.

Палачинките се омиленото јадење на повеќето луѓе кога се во прашање слатки, а овој рецепт за палачинки од компири ќе ве воодушеви.

Брзо и лесно се подготвуваат, а што е најважно, не ви се потребни многу непотребни состојки.

Состојки:
6 компири

160 мл топло млеко

65 гр брашно

1 јајце

5 чешниња лук

1 лажица сушен босилек

1 лажичка сол

масло за пржење

Подготовка:
Излупете ги компирите и изрендајте ги.

Префрлете ги ренданите компири во цедалка и исцедете го вишокот вода.

Во сад ставете ги исцедените компири и прелијте ги со 160 мл врело млеко. Додадете 1 јајце, 65 гр брашно, 5 чешниња лук, 1 лажица сув босилек и 1 лажичка сол. Мешајте додека не се соединат. Тестото од компири треба да има полутечна конзистентност.

Загрејте го маслото на силен оган (околу 2 лажици по палачинка). Пред пржење, брзо измешајте го тестото од компири и внимателно истурете го во центарот на тавата со лажичка. Со помош на рамната страна на лажицата, размачкајте го тестото во облик на палачинка со дебелина од 5-6 мм.

Секоја палачинка пржете ја околу 2-3 минути од двете страни.