За православните верници денеска почнува Страсната седмица или позната и како Сирна недела, последните седум дена пред Великиот пост, кој годинава почнува на 3 март.
За православните верници денеска (24.02.2025) почнува Страсната седмица, последните седум дена пред Великиот пост, кој годинава почнува на 3 март. Оваа недела е подготвителен период за долг пост и духовна обнова пред најголемиот христијански празник Велигден, кој оваа година се паѓа на 20 април.
Во текот на оваа недела не се консумира месо, но дозволени се млечни производи и јајца, дури и во среда и петок, кои вообичаено се посни денови. Овој период популарно се нарекува и Бела Недела, Сирна недела или Тајна Недела, додека последниот ден од овој период е познат како недела на Простување односно, Прочка, кога верниците се молат меѓусебно за прошка, за да можат духовно исчистени да влезат во Великиот пост.
Оваа недела се смета за поопуштена и порадосна од останатите во годината, бидејќи е последна можност луѓето да се опуштат и да уживаат во храната и друштвото пред долгиот пост, кој покрај физичка воздржаност подразбира и духовно прочистување.
Со крајот на Страсната седмица започнува Великиот пост – време кога верниците се подготвуваат за Воскресението Христово, преку молитва, покајание и воздржување, за со чисто срце и душа да го прослават најважниот христијански празник.