Најдобрата пица на светот се прави во италијанскиот град Неапол, тврди магазинот Time Out.
Според магазинот Time Out, најдобрата пица на светот се прави во италијанскиот град Неапол, поточно, во пицеријата Da Attilio, во квартот Pignasecci . Овој семеен ресторан го носи името на неговиот сопственик и служи традиционална неаполска пица од 1938 година.
Најдобрата од сите пици, според Time Out, е скромната маргарита, која се прави со домати Сан Марзано, фиор ди лате моцарела од Vico Equenese, пармезан стар 24 месеци и свеж босилек.
Pizzeria Da Attilio ги комбинира традиционалните техники за подготовка на пица со најдобрите состојки кои се набавуваат локално, во околината на Неапол.
Приоритет е даден на квалитетот на состојките и традицијата, наместо на брзиот профит. Токму затоа рецептот не е променет со децении, но ниту самиот простор.
Имаат на располагање само неколку маси на терасата и уште неколку внатре, а не прават резервации. Ако сакате да ја пробате пицата, ќе треба да почекате да се ослободи место. Не грижете се, нема да треба долго да чекате. Пицата обично пристигнува на масата за само пет минути, а повеќето гости ја јадат за миг.
Менито е долго и разновидно, а цените на пиците се движат од седум евра нагоре.