Можете да го користите истото тесто за да направите леб, пица, кифлички, па дури и крофни

Фото: Pexels
67

Дали сте чуле за „лудото тесто“? Некои мислат дека ова име го добило поради неговата способност да нарасне неверојатно лесно, додека други мислат дека тоа е поради неговата сестраност во подготовката на многу печива.

Иако кај нас ретко се споменува, на гастроблоговите и порталите од соседните земји често се објавуваат рецепти за нешто што се нарекува лудо тесто, а познато е уште од 80-тите години кога беше голем хит. Заедничко за сите овие рецепти е тоа што се добива тесто кое е исклучително еластично и убаво нараснува, а погодно е за подготовка на разни видови печива и леб. Може да се користи и за пици, крофни и други десерти.

Зошто ова тесто се вика „лудо“ тесто? Причините не се сосема јасни. Некои мислат дека името го добило поради неговата способност да нарасне неверојатно лесно, додека други мислат дека тоа е поради неговата сестраност во подготовката на многу печива.

Иако некои велат дека може да се чува во фрижидер до седум дена, други тврдат дека треба да се користи во рок од најмногу 4 дена.

Со оглед на тоа што има многу различни рецепти, секој со некои посебни „тајни“ додатоци, можно е одредени верзии на тестото да траат и подолго. Сепак, имајте на ум дека после четири дена глутенските влакна ќе почнат да се распаѓаат, а тестото нема да биде податливо како кога е свежо.

Најголемата предност на ова тесто е неговата практичност, бидејќи со денови ќе имате можност да приготвувате крофни, кифлички, печива, погачици, пица или леб.

Рецепт за лудо тесто:
Состојки:
1 кг брашно
400 мл млеко
200 мл јогурт
2 лажици шеќер
2 лажици масло
1 лажица сол
2 кесички квасец
1 прашок за пециво
2 јајца

Подготовка:
Во млакото млеко додадете шеќер, малку брашно и на крај квасецот. Кога смесата ќе нарасне, додадете ја на останатите состојки и замесете тесто. Ставете го тестото во сад подмачкан со масло и покријте го со капак, проѕирна пластична фолија или со кеса. Кога ќе ви треба, извадете парче и оставете го малку на собна температура, па замесете го и употребете го според рецептот што сакате да го направите.