Правилото од пет секунди е мит. Храната се контаминира со бактерии веднаш, а не по пет секунди. Колку бактерии се пренесуваат зависи од контактната површина на храната со подот.
Многумина од нас веруваат во стариот мит за таканареченото „правило од пет секунди“, но еден доктор ја откри валканата вистина зад овој вековен мит.
Д-р Карл Крушелнички ја поби заблудата според која храната која ни паднала на подот не е контаминирана ако се подигне во рок од 5 секунди од паѓањето. Тој објаснува дека храната што паѓа на земја или на масата не е секогаш безбедна за јадење бидејќи може веднаш да се контаминира со бактерии – а не само по пет секунди.
Еве што ни кажува науката.
Прво, повеќето бактерии се пренесуваат веднаш по контактот, а потоа тој број полека се зголемува. Второ, количината на пренесени бактерии зависи од блискоста на контактот – објаснил д-р Карл. Имено, правилото од пет секунди не важи кога се разгледува од научна перспектива за бактериите и заразните болести.
Значи, колкава е површината на храната што ја допира површината на масата или подот?
Од една страна,, имате влажна лубеница на тврда плочка, која создава многу добар контакт, додека од друга страна, имате нешто како јаболко кое слетува на бодликав тепих каде што има помала површина и помалку бактерии.
Меѓутоа, д-р Карл посочил и трет проблем: бактериите.
Тој објаснува дека повеќето бактерии не се негативци, туку само се мотаат наоколу и си ја вршат својата работа без никаква директна намера да ни наштетат. И покрај уверенијата дека повеќето бактерии се безопасни, тој предупредил за потенцијалните ризици од труење со храна. Според него, труењето со храна е реална опасност.
Салмонелата може да живее на површини до 32 часа, а некои истражувања покажале дека бактеријата може да преживее уште подолго, во зависност од условите.
За време на едно американско истражување од 2006 година, група научници нанеле штетна бактерија наречена salmonella typhimurium на плочка.
Потоа истражувачите користеле болоњска колбасица како храна за фаќање на салмонелата. Шокантно, повеќе од 99 проценти од бактериите биле пренесени за помалку од пет секунди.