Пијалaк кој го зголемува нивото на железо во телото
Овој пијалaк, кој природно го зголемува нивото на железо во телото, најдобро е да се консумира во континуитет 5 дена.
Со доаѓањето на пролетта и поместувањето на часовниците за еден час нанапред, биоритмите на многу луѓе се нарушени и се појавуваат симптоми на пролетен замор.
Овој феномен станува сè почест и е сосема нормален.
Симптоми на пролетен замор се:
– замор
– раздразливост
– главоболка
– намален имунитет
– губење на апетитот
– немирен сон
– забавени рефлекси
– бавно варење
За да им помогнеме на нашите тела полесно да се справат со овие промени, потребно е да го зголемиме времето поминато на свеж воздух и да јадеме што е можно повеќе здрава храна.
За повисоки нивоа на железо, важно е да се консумираат доволни количини железо, но и витамин Ц.
Овој еликсир ќе ви помогне да внесете доволно железо, витамин Ц и други микронутриенти.
Секое утро штом ќе се разбудите, испијте ракиена чашка од овој еликсир и сите ваши симптоми ќе исчезнат, а веројатно ќе ви се подобри и општата здравствена состојба.
Подготовката е многу едноставна:
Ставете 4 моркови, 4 мали цвекла, 4 јаболка во соковник, а потоа додадете и сок од еден лимон.
Истурете го во шише и чувајте го во фрижидер.
Во САД, овој пијалак е многу популарен како сок ABC, именуван по првите букви од главните состојки (јаболко, цвекло, морков).
Иако лимонот во овој случај служи повеќе како конзерванс, овој пијалак е најдобро да се консумира во континуитет, во следните 5 дена.