Премногу протеини може да му штетат на здравјето

Фото: Pexels
24

Протеините се неопходни за градење мускули, одржување на енергијата и регенерација на телото. Сепак, во ерата на протеински шејкови, чоколадни плочки и житарки, лесно е да се изгуби од вид вистинската мерка.

Колку протеини ни се навистина потребни и кога претерувањето со нив станува штетно? Препорачаниот дневен внес е 0,8 грама на килограм телесна тежина, но многу експерти советуваат поголем внес за активни луѓе, бремени жени и оние во фаза на закрепнување или губење на тежината.

Нутриционистите Ерин Дејвис и Дон Џексон Блатнер забележуваат дека протеините треба да сочинуваат приближно 10 до 35 проценти од вкупниот дневен внес на калории за да се остави простор за здрави јаглехидрати и масти.

Премногу протеини и здравствени ризици
Ако во последно време претерувате со протеинските грицки, еве неколку причини зошто треба да бидете внимателни:

Ги занемарувате другите важни хранливи материи
Диетите со висок процент на протеини честопати ги истиснуваат намирниците како овошје, зеленчук и интегрални житарки.

Ова може да доведе до недостаток на растителни влакна, витамини и антиоксиданти и на крајот да ги ослабне имунитетот и варењето, објаснува Блатнер.

Штета за здравјето на цревата
Животинските протеини како месо, риба и јајца не содржат влакна.

Премногу од оваа храна може да го наруши балансот на цревната флора. Поради оваа причина, вклучете растителни извори на протеини во вашата исхрана – леќа, грав, јаткасти плодови и семиња, пишува EatingWell.

Го зголемува оптоварувањето на бубрезите
Нутриционистката Кајла Фарел објаснува како високиот внес на животински протеини може да го зголеми ризикот од камења во бубрезите: „Животинските протеини ја зголемуваат количината на киселина во урината, што може да доведе до формирање на камења во бубрезите, кои се составени од сол, протеински отпадни производи и калиум“.

„Доколку имате проблеми со бубрезите или сте во ризична група, задолжително консултирајте се со нутриционист.

Ризик од срцеви заболувања
Црвеното и преработеното месо содржат многу заситени масти и сол. Редовната консумација може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, истакнува Фарел. Наместо тоа, изберете пилешко, риба или протеини од растителна основа.

Повисок ризик од рак
Според Американскиот институт за истражување на ракот, консумирањето повеќе од 350 до 500 грама црвено месо неделно може да го зголеми ризикот од рак на дебелото црево.

Преработеното месо, како што се саламата и колбасите, е исто така поврзано со поголем ризик од неколку видови рак.