Ја зголемува енергијата трипати повеќе од кафето!

Фото: Pexels
274

Освен што го забрзуваат метаболизмот, состојките на овој напиток имаат повеќекратни придобивки за целокупното здравје. Можете да го консумирате и ладен и топол и секогаш ќе ви ја зголеми енергијата трипати повеќе од кафето

Дали знаевте дека чајот од лимон и ѓумбир ја зголемува енергијата трипати повеќе од кафето и шеќерот? Освен што го забрзуваат метаболизмот, лимонот и ѓумбирот имаат разни придобивки за целокупното здравје.

Овој чај е богат со антиоксиданти и други корисни материи. Може да помогне во одржувањето на виткоста бидејќи ѓумбирот е една од најдобрите билки за детоксикација, вежбање и слабеење. Чајот од ѓумбир го стимулира варењето на храната, ја подобрува циркулацијата и го поттикнува елиминирањето на токсините преку потење.

Исто така е одличен за отстранување на акумулираните токсини и отпадни производи од цревата и црниот дроб.

Чајот од ѓумбир е исто така еден од најефикасните природни пијалаци за лекување на болки во грлото, кашлица и бронхитис, бидејќи помага во чистење на дишните патишта. Доколку се пие редовно, помага за здравјето на срцето и крвните садови со намалување на концентрацијата на LDL холестерол и спречување на акумулација на атеросклеротични плаки.

Чајот од лимон и ѓумбир ја зголемува енергијата три пати повеќе од кафето и шеќерот

Подготовката е едноставна:

Изрендајте или исечкајте 10 до 20 г ѓумбир
Прелијте со врела вода и оставете покриено 10 минути.
Исцедете.
Додадете сок од лимон (по желба)
Во лето е особено освежителен кога се пие ладен.