Шведска ракија од бозел

Фото: Freepik
100

Рецептот за оваа ракија или поточно, ликер од бозел е едноставен, а кога подготвувате сируп или сок од бозел, одвојте дел од цветовите за оваа ароматична ракија.

Бозелот наводно се користел уште од времето на старите Римјани, кои ни го оставиле во наследство сирупот што се подготвува во нашиот регион денес.

Цветовите и плодовите од бозелот се употребуваат во исхраната и во народната медицина, свежи или сушени. Од цветовите обично се прават чај, сируп и сок, а од плодовите се прави џем, компот или овошен сок.

Рецептот за оваа ракија или поточно, ликер од бозел е едноставен, а кога подготвувате сируп или сок од бозел, одвојте дел од цветовите за оваа одлична ароматична ракија.

Во Шведска, вообичаено е да се пие овој пијалак на најдолгиот ден од годината.

Toj е одличен аперитив, но и убав подарок.

Состојки:
8 големи цветови од бозел
1 литар ракија
една лажица шеќер
по желба, можете да додадете и кора од лимон

Приготвување:
Ставете ги цветовите во тегла, наросете со една лажица шеќер и прелијте ги со ракијата. Оставете да отстои 3 дена. Протресете повремено.

Процедете и префрлете го напитокот во убаво шише.