Готови за пола саат, заедно со печењето
Ако сте љубители на печива, ние ја најдовме идеалната комбинација за вкусни и експресно брзи погачици
За овие вкусни погачици кои се прават за најмногу 10 минути, а се печат најдолго 20, ви требаат само неколку едноставни состојки.
Но она што ги прави толку вкусни, освен комбинацијата на брашна кои можете да си ја направите сами, е нивната крцкавост која им ја дава потпечениот сусам.
Состојки:
250 мл јогурт
150 мл ладно цедено масло од сончоглед (може и маслиново)
3 шолји (од 250 мл) интегрално брашно
2 шолји бело брашно
1 прашок за пециво
сол по вкус
За премачкување:
1 јајце
100 г сусам
Приготвување:
Замесете тесто од сите состојки и ако ви е суво додадете малку вода или масло, а ако е премногу лепливо, додадете брашно.
Но би требало да е таман како што треба, меко и малку лепливо но да може да се обликува со намрсени раце.
Направете топчиња со величина која ја сакате, натопете ги цели во матено јајце, а потоа извалкајте ги во сусам, малку сплескајте ги со рацете и ставете ги во тепсија за печење.
Во загреана рерна на 180 степени печете ги околу 20 минути. Секако, ќе треба да проверите дали се веќе готови и после 15 минути.
Ако ви останат, убави се за јадење и во следните денови.