Салата во тегла! Подгответе го својот оброк и земете го со себе

Фото: Pexels
95

Зошто некој на ова жешко време би одел секој ден во пекара по некое печиво кога може да го прави тоа од ќеф само еднаш неделно. Останатите денови? Па направете си го сами својот лесен летен оброк – во тегла и понесете го со себе на работа

Подгответе ја вашата работна ужина: одвојте наутро 10 минути за себе и ставете еден куп здрави состојки во тегла. Не трчајте до пекарницата за време на паузата за ручек, отворете ја теглата и јадете го тоа што ќе го ставите самите во неа.

Најдобро е преливот сепак да не го преливате туку да го ставите на дното, а потоа да ги додадете состојките одозгора. Потоа само протресете ја салатата и подготвена е за јадење.

Наместо шунка, можете да ставите туна, јајца, варен наут, разни семки, јаткасти плодови, сирење, препечени коцкички леб…

Состојки:
зелена салата
домати
рукола
лута пиперка
виолетов кромид
по желба: шунка, туна, варени јајца, сирење, семки, јаткасти плодови, препечени парченца леб
Прелив:
маслиново масло
сенф
сол
сок од лимон