Лек за сите болести: Тибетанците веруваат дека не постои проблем кој ова брашно не може да го реши

Фото: Freepik
140

Традиционалното тибетско јачменово брашно, познато како Цампа (Tsampa), Тибетанците го сметаат за лек за сите болести

Цампа (Tsampa) е популарно брашно во Тибет и основна тибетска храна која се смета за лек за сите болести. Го намалува лошиот холестерол и крвниот притисок, се нанесува на болен заб, се јаде за подобро варење… Тибетанците веруваат дека нема проблем што оваа намирница не може да го реши.

Ова јачмено брашно може да се користи за печење леб, колачи и торти, но може да се додаде и во разни чорби – па дури и во пијалаци. Во Тибет, традиционално се додава во солениот тибетантски чај со додавање путер, но може да се помеша и со обична вода и пиво.

Обично со прсти се обликува мазна топка од течност и од брашното и се јаде за појадок, ручек или вечера. Одлично заситува бидејќи е богато со протеини, но содржи и вредни витамини и минерали. Од цампа се печат леб, печива и колачи, а исто така се додава и како згуснувач во супи и чорби.

Употребата на ова брашно во Тибет не е изненадувачко ако знаеме дека јачменот е една од ретките житарки што успева на големи надморски височини. Јачменот се сади напролет и зрее во лето. Прво се суши, потоа се пече и на крај се меле за да се направи брашно.

Обично брашно од јачмен е исто така достапно и во нашите продавници за здрава храна.