Како се бере циметот? Дали некогаш сте се прашале како се добиваат овие свиткани стапчиња

Фото: Pixabay
43

Aко досега не сте виделе како изгледа берба на цимет и како се сушат и се виткаат оние стапчиња цимет кои потоа ги купуваме во маркетите, погледнете го видеото во кое е прикажан целиоит процес

Циметот, еден од најстарите зачини познати на човештвото, потекнува од Далечниот Исток и сега се одгледува главно во Шри Ланка, Индија и Индонезија. Се добива од внатрешната кора на дрвото Cinnamomum verum, која внимателно се суши и се витка во карактеристични стапчиња.

Земјоделците ги сечат стебленцата на дрвјата, дозволувајќи им на новите изданоци да растат.

Циметот обично се бере за време на дождовната сезона кога внатрешната кора е пофлексибилна и може полесно да се лупи.

Надворешната кора од дрвото цимет се струга за да се открие внатрешната кора, која се користи за производство на цимет.

Собраната кора потоа се остава на сонце да се исуши. Како што се суши, таа природно се витка во познатите стапчиња цимет.

Процесот е многу тежок и најчесто се прави рачно, зачувувајќи ги традиционалните техники што се пренесувале низ генерации.
Покрај тоа што ги збогатува јадењата со својата карактеристична арома и вкус, циметот е ценет и во народната медицина со векови.

Научните истражувања потврдуваат дека има антиоксидантни, антиинфламаторни и антибактериски својства. Чајот од цимет се користи за зајакнување на имунитетот и подобрување на циркулацијата, а циметот во прав најчесто се користи за намалување на шеќерот во крвта и крвниот притисок.

Се верува дека мирисот на цимет го подобрува расположението и ја подобрува концентрацијата.

Експертите потсетуваат дека се препорачува умереност – иако е вреден, циметот не треба да се консумира во прекумерни количини, особено сортата касиа, која содржи повеќе кумарин.