Кога кодот започнува со бројот 3 или со бројот 4, тоа значи дека самиот восок со кој се обложени јаболката, не е природен, дека може да биде токсичен и дека на некој начин ги запечатил на јаболкото сите пестициди што биле испрскани на него.
Кога купувате овошје и зеленчук, за кои сте убедени дека се добри за вашето здравје, веројатно сте забележале дека често имаат на нив налепници, особено на јаболката. Но, дали некогаш сте се запрашале што значат тие налепници, какви информации даваат и која сорта јаболка би требало да ја изберете?
Повеќето јаболка се обложени со восок, но проблемот е ако бројот на етикетата започнува со три или четири, бидејќи тоа значи дека овошјето не е органско. Тоа, пак, значи дека е премачкано со синтетички восок – вели Зиб Аткинс, експерт со повеќе од две децении искуство во клиничката исхрана, кој се опишува себеси како „британски креатор на долговечноста број 1“.
Аткинс им советува на клиентите да бараат јаболка со етикети што почнуваат со бројот 9. Кога кодот започнува со бројот 3 или со бројот 4, тоа значи дека самиот восок со кој се обложени јаболката, не е природен, дека може да биде токсичен и дека на некој начин ги запечатил на јаболкото сите пестициди што биле испрскани на него.
– Ако кодот почнува со девет, тоа значи дека јаболкото е органско и многу побезбедно за јадење – објасни тој.
Иако ги охрабрува луѓето да купуваат органско овошје, Аткинс откри и како можат да го намалат ризикот од консумирање неоргански јаболка со намалување на количината на пестициди на нив.
– Наполнете тенџере со неколку литри вода, додадете лажичка сода бикарбона, а потоа потопете ги јаболката во оваа течност на 15 минути. Потоа извадете ги и истријте ги со груба четка. Ова треба да отстрани околу 90 проценти од пестицидите од површината на јаболкото – советува тој.
Што значат нумеричките кодови на овошјето?
Четирицифрен број што почнува со три или четири – ова се овошја од конвенционално земјоделство, од индустриски фарми, каде што се користеле пестициди.
Пример: Конвенционално одгледуваното јаболко Фуџи ќе го има кодот 4129.
Петцифрен број што почнува со девет – ако кодот почнува со девет, тоа е органски одгледуван производ.
Пример: Органското јаболко Фуџи ќе го има кодот 94129.
Петцифрен број што започнува со осум – таков код означува генетски модифициран производ, но ова ретко се појавува на јаболката и овошјето воопшто,