Напиток што го чисти дебелото црево како правосмукалка: Испијте го пред спиење и исфрлете ги токсините од телото!
Неправилната исхрана, стресот, недостатокот на физичка активност и премалиот внес на течности може да доведат до акумулација на токсини и нарушена функција на цревата. Последиците можат да се манифестираат како замор, надуеност, лошо варење и општо чувство на тежина во телото.
Сè повеќе луѓе денес обрнуваат внимание на здравјето на дигестивниот систем, бидејќи токму во цревата се одвиваат голем дел од процесите што директно влијаат на општата состојба на нашето тело.
Дебелото црево игра клучна улога во одржувањето на рамнотежата во телото: учествува во апсорпцијата на вода, складирањето на остатоци од храна, како и во синтезата на одредени витамини кои се неопходни за нормално функционирање на телото. Затоа е важно да се грижите за неговата состојба. Неправилната исхрана, стресот, недостатокот на физичка активност и премалиот внес на течности може да доведат до акумулација на токсини и нарушена функција на цревата. Последиците можат да се манифестираат како замор, надуеност, лошо варење и општо чувство на тежина во телото.
Еден начин да се поддржи здравјето на дебелото црево е да се воведат природни навики кои помагаат во неговото чистење и зајакнување. Покрај балансираната исхрана богата со растителни влакна, овошје и зеленчук, постои и едноставен домашен пијалок кој може да биде дополнителна поддршка за вашето тело. Овој природен напиток е направен од лесно достапни состојки и може да се вклучи во вашата дневна рутина без многу напор. Неговата предност е што комбинира состојки познати по нивните корисни својства за дигестивниот систем.
Состојки:
1 лимон
една шака свеж магдонос
1 лажица јаболков оцет
прстофат цимет
1 лажица мед
малку свеж или мелен ѓумбир.
Подготовка:
Исцедете го лимонот и истурете го неговиот сок во чаша или блендер. Ситно исечкајте го магдоносот, а потоа додадете го во сокот од лимон. Додадете го јаболковиот оцет, циметот, медот и ѓумбирот. Добро измешајте сè додека не добиете еднолична смеса. По желба, можете да додадете малку вода за полесно да го консумирате пијалакот.
Начин на употреба:
Се препорачува пијалакот да се пие навечер, околу еден час пред спиење. Некои го користат како лесна замена за вечера, особено во периоди кога сакаат да го олеснат дигестивниот систем.
Со редовна употреба во текот на неколку недели, многу луѓе забележуваат подобрено варење, намалена надуеност и општо чувство на леснотија.
Важно е да се напомене дека ниеден пијалак не може да го замени здравиот начин на живот. Најдобрите резултати доаѓаат со комбинација од правилна исхрана, доволен внес на вода и редовна физичка активност. Овој напиток може да биде корисен додаток, но не и единствено решение. Со воведување мали, но постојани промени во вашите дневни навики, можете значително да придонесете за здравјето на вашето тело – а сè започнува со грижа за вашите црева.