Светската здравствена организација препорачува возрасните да не внесуваат повеќе од пет грама сол дневно – вклучувајќи ја и солта што веќе ја има во храната и онаа што дополнително ја додаваме.
Солта се користи како зачин и конзерванс илјадници години и без неа тешко може да се замисли секојдневната исхрана. Но, претерувањето може сериозно да му наштети на здравјето и да доведе до висок крвен притисок, кардиоваскуларни заболувања и болести на бубрезите.
World Health Organization препорачува возрасните да не внесуваат повеќе од пет грама сол дневно – вклучувајќи ја и солта што веќе ја има во храната и онаа што дополнително ја додаваме. Сепак, досолувањето на храната по подготовката може да учествува со дури 6 до 20 проценти од вкупниот дневен внес.
Мажите почесто посегнуваат по солта
Бразилски научници се обиделе да откријат кој најчесто ја додава солта отпосле, на трпеза. Истражувањето, објавено во списанието Frontiers in Public Health, покажало дека оваа навика е почеста кај постарите лица – особено кај мажите.
– Додавањето сол во јадењата, кога се тие веќе на трпезата е и натаму релативно честа навика, почеста кај мажите отколку кај жените. Кај жените, пак, е поврзано со поширок спектар социјални и прехранбени фактори – објаснува авторката на студијата, Флавија Брито.
Жените повеќе внимаваат на исхраната
Во истражувањето биле анализирани податоци од над 8.000 лица на возраст од 60 години. Резултатите покажале дека 12,7% од мажите и 9,4% од жените редовно додаваат сол во храната.
Кај мажите, навиката најчесто била поврзана со два фактори: оние што не следат диета за висок крвен притисок и оние што живеат сами имаат поголема веројатност да досолуваат.
Кај жените, пак, сликата е посложена. Поголема веројатност за додавање сол имале оние што не следат диета, живеат во урбани средини или често консумираат високо преработена храна. Од друга страна, жените кои редовно јадат овошје и зеленчук имаат значително помала веројатност да посегнат по солницата.
Навика или вкус?
Истражувачите предупредуваат дека резултатите не докажуваат директна причинско-последична врска, а сите податоци ги дале учесниците поради што тие можат да бидат необјективни.
Сепак, постои објаснување: честата консумација на солена храна ја намалува чувствителноста на солен вкус, па со време луѓето почнуваат да преферираат сè посолена храна.
Затоа, додавањето сол често е повеќе навика отколку реална потреба за подобар вкус.
Како да го намалите внесот на сол
Научниците препорачуваат неколку едноставни чекори:
- користете природни зачини наместо сол
- додавајте лимон или други цитрусни вкусови за поинтензивен вкус
- избегнувајте солницата да стои на маса како рутина
Иако изгледа како мала навика, токму досолувањето може да направи значајна разлика во вкупниот внес на сол – и долгорочно, да влијае на здравјето.