Гастроентеролог открива кое овошје никогаш не го јаде

Фото: Pexels
56

Според докторот, проблемот со презрелите банани е што содржат повеќе шеќер, а помалку резистентен скроб – вид јаглехидрат кој не се вари целосно во тенкото црево и служи како храна за корисните цревни бактерии. Поради тоа, лекарот ги споредува со „чоколадни плочки во кора“.

Гастроентерологот д-р Саураб Сети од Харвард направил листа од 10 видови овошје, рангирани според тоа колку се добри за здравјето на цревата. На дното се нашле презрелите банани, додека боровинките и калинката се издвоени како едни од најдобрите избори.

Според Сети, проблемот со презрелите банани е што содржат повеќе шеќер, а помалку резистентен скроб – вид јаглехидрат кој не се вари целосно во тенкото црево и служи како храна за корисните цревни бактерии. Поради тоа, лекарот ги споредува со „чоколадни плочки во кора“.

Тоа не значи дека бананите треба да се исфрлат од исхраната. Напротив, Сети смета дека малку зелените, односно помалку зрелите банани, се подобар избор бидејќи содржат повеќе резистентен скроб, имаат повеќе влакна и можат да придонесат за подолго чувство на ситост и подобра регулација на варењето.

На врвот од неговата листа се боровинките и калинката. Тие се богати со полифеноли и антиоксиданти, соединенија кои се поврзуваат со намалување на воспалителните процеси и подобро кардиоваскуларно здравје.

Кивито исто така добило висока оценка поради растворливите влакна. Тие во цревата впиваат вода и создаваат гел, што може да помогне столицата да биде помека и да го олесни празнењето на цревата.

Јаболките, крушите и дињите се наоѓаат во средината на листата. Тие обезбедуваат витамини, течности и одредено количество влакна, но според ова рангирање не се толку корисни за цревата како зрнестото овошје.

Послабо поминале грозјето и портокалите. И тие имаат хранливи материи, но во споредба со некои други овошја содржат помалку влакна.

Во текстот се наведува и дека прекумерното консумирање цитрусно овошје може да биде поврзано со зголемен ризик од рак на кожата поради фотосензитивните својства на одредени соединенија. Тоа, сепак, не значи дека портокалите и другите цитруси треба да се избегнуваат, туку дека ниту со нив не треба да се претерува.