Кога ќе си дојдете од работа сигурно сонувате да имате еден робот во кујната, подготвен да ви зготви гурмански оброк? Ова е сонот на лондонската компанија Moley Robotics, која уште пред неколку години го создаде прототипот „Robo-chef“, дизајниран за домашни услови. Слични успеа да направи и Хрватска и тие готвеа во ресторанот Bots&Pots кој, сепак, функционираше само една година
По напорниот ден во канцеларија, не е лесно да се мотивирате да приготвите „пристоен“ ручек кога ќе се вратите дома. Наместо готвење, многу луѓе избираат да купат готова храна, која не е секогаш здрава или особено хранлива.
Но, што ако имате помошник-робот во кујната, подготвен да ви подготви гурмански оброк кога и да посакате? Ова е сонот на лондонската компанија Moley Robotics, која уште пред неколку години го создаде прототипот „Robo-chef“ кој е дизајниран за домашни услови.
Тогаш беше претставен на саемот за технологија во Хановер. Роботот се состои од две вешти „раце“ кои се инсталирани на врвот од просторот за готвење заедно со шпоретите, мијалникот и рерната. Роботските раце се дизајнирани од компанијата Shadow Robot, чии производи ги користи и НАСА.
Во меѓувреме, голем број технолошки компании работат на развој на роботи кои можат да готват и да поставуваат цели оброци и за комерцијални и за домашни кујни, а беа направени роботи и во една од поранешните југословенски држави, односно, во Хрватска, кадешто функционира дури и ресторан во кој тие ја приготвуваат храната.
Станува збор за ресторанот Bots&Pots кој беше отворен минатата година во центарот на Загреб, но во моментот не функционира.