Дали сами правите кисела зелка? (ВИДЕО)

Фото: Pixabay
507

Зелката не мора да се кисели само во големи буриња и во големи количини. Можете да ја исечкате, да додадете и некои зачини кои инаку не се ставаат кога се кисели зелка во буриња и да добиете уште повкусна салата за пократко време.

Кај нашиот народ киселата зелка се користела и како храна и како лек, особено во време кога немало толку многу намирници со витамин Ц. Се верува дека киселата зелка може да го зајакне имунолошкиот систем и да не заштити од вируси и инфекции.

Според нутриционистите, киселата зелка е одлична замена за лимонот бидејќи неговата хранлива вредност е далеку поголема од содржината на витамин Ц во самиот лимон.

Оваа храна може да биде и добар пробиотик. Киселата зелка ги вари природните шеќери преку ферментација и благодарение на витаминот Ц и фитонутриентите кои се добиваат во процесот на киселење, создава услови за раст на корисни пробиотици. Познато е дека пробиотиците се одговорни за добар имунитет, за подобра ресорпција и циркулација на хранливите материи во цревата, а со тоа и за поголема отпорност на разни видови инфекции, без разлика дали се респираторни или некои други.

Киселата зелка содржи витамин Б12, кој, инаку, го има во храната од животинско потекло и од тие причини е одличен додаток во исхраната на вегетаријанците. Исто така, таа е ризница на витамини, минерали, антиоксиданти и диетални влакна, кои поволно влијаат на нашиот метаболизам,

Но не мора да се кисели зелка само во големи буриња и во големи количини. Можете да ја исечкате, да додадете и некои зачини кои инаку не се ставаат кога се кисели зелка во буриња и да добиете уште повкусна салата за пократко време.

Можете да земете една главица зелка и да ја изрендате или да ја исечкате и да додадете околу 1 лажица ким, маточина и семе од коприва.. плус неколку ленти суви кори од лимон. Овие вкусови ќе се впијат во течната саламура на киселата зелка и потоа ќе се пренесат и во зелката!!

Оставете ја да ферментира во темно најмалку 2 недели, внимавајќи да е покриена со течноста.