Ако имате домашни јагоди не ги фрлајте петелките! Зелените ливчиња ги содржат истите микронутриенти како и плодовите

Фото: Pexels
305

Следниот пат кога ќе берете јагоди, задолжително зачувајте ги стебленцата и ставете ги да се исушат. Од сечканите и исушени стебленца можете да подготвите здрав чај, кој може да ви помогне не само во превенцијата туку и во лекувањето на разни болести.

Во пролет со задоволство јадеме јагоди, но повеќето од нас ги фрлаат петелките. Дали знаевте дека се тие исто толку здрави колку и плодовите?

Петелките, исто како и листовитее на јагодите, содржат повеќе витамин Ц отколку што има во самите плодови. Покрај тоа, тие ги содржат истите микронутриенти како овошјето.

Богати се со витамини и антиоксиданти, како и со други исклучително здрави растителни компоненти, како што се флавоноидите, кои се познати по своите антиинфламаторни својства.

Затоа, следниот пат кога ќе берете јагоди, задолжително зачувајте ги стебленцата и ставете ги да се исушат. Од сечканите и исушени стебленца можете да подготвите здрав чај, кој може да ви помогне не само во превенцијата туку и во лекувањето на разни болести.

На пример, можете да консумирате чај од петелките за ублажување на стресот, зајакнување на нервниот систем, при заболувања на крвта, анксиозност и депресија, како и за подобрување на функцијата на бубрезите.

Стеблата и листовите можете да ги искористите и за да направите маска за лице за убавина која ќе ви даде свеж изглед.

Секогаш користете органски или домашни јагоди, кои не се третирани со пестициди, бидејќи само тие имаат моќни лековити својства.

Чај од петелки од јагодите

Една лажичка сушени и исечкани петелки прелијте ги со чаша врела вода.

Оставете ги да отстојат покриени 15-20 минути. Овој чај особено се препорачува за луѓе кои боледуваат од рак и тумори како помош во лекувањето.

Можете исто така да ги сомелете исушените петелки и да го додадете добиениот прав во различни јадења – смути, сокови или овесни каши.

Придобивките од петелките од јагодите

  1. Помагаат при дијабетес

Познато е дека чајот направен од петелки од јагодите помага во нормализирање на шеќерот во крвта, па затоа се препорачува и за луѓе кои страдаат од дијабетес.

Јагодите, вклучително и петелките се богати со растителни влакна и имаат низок гликемичен индекс, што значи дека природните шеќери се ослободуваат и побавно се апсорбираат, па нема ризик од нагли скокови на гликозата во крвта.

  1. Го зајакнуваат имунитетот

Исто како и јагодите, нивните петелки се многу богати со витамин Ц, па затоа се одличен избор за сите оние кои сакаат да го снабдат организмот со овој важен антиоксидант и да го зајакнат имунитетот.

Витаминот Ц е исто така клучен за формирање на колаген, па затоа помага да се зачува младешкиот изглед.

  1. Помош за болните од рак

Благодарение на моќните антиоксиданти и фенолни соединенија, чајот од петелките може да се користи како дополнително терапевтско природно средство во лекувањето на рак и тумори.

  1. Ја поттикнуваат работата на дигестивниот систем

Јадењето јагоди заедно со петелките значително придонесува за работата на вашиот дигестивен систем. Тие, како и плодовите, се богати со влакна, кои ја поттикнуваат цревната перисталтика. Нивните влакна исто така помагаат да се чувствувате сити подолго. Петелките содржат и танини, кои исто така помагаат во варењето и ги ублажуваат грчевите и чувството на мачнина.

  1. Помагаат за зачувување на здрави коски и зглобови

Петелките се богати со минерали, како што се магнезиум, манган, калциум, калиум и фосфор, кои се неопходни за одржување на здравјето на коските и ткивата.

Содржат и кафеинска киселина која ги намалува воспаленијата, па затоа се препорачуваат за луѓе кои боледуваат од артритис и ревматизам.

Тоа е уште една одлична причина да ги зачувате.

  1. Имаат подмладувачки и ревитализирачки ефект

Благодарение на богатството на антиоксиданти, петелките имаат подмладувачки ефект и ја освежуваат и ревитализираат кожата.

Со нив можете да направите маска против брчки на лицето и вратот – измешајте ги и нанесете ги на лицето и вратот.

Оставете ги да делуваат некое време и потоа исплакнете.

Неколку идеи за тоа како да ги користите петелките:

додадете ги во салата, супа или чорба
изблендирајте ги и додајте ги во смути или песто
користете ги за украсување јадења
додадете ги во вода за вкус
од нив направете маска против брчки