За да не биде дека постојано се жалиме на цените на храната, еве и нешто добро за домашниот буџет и за здравјето.
Сите се жалиме дека цените на храната постојано растат и навистина е така. Она што порано го купувавме за илјада денари, сега не можеме ни за две. Арно ама, лето е, а кај нас има изобилство од зеленчук.
Особено, тиквички: една тиквичка – 10 денари. Доматите се 50. А со тиквички и домати, мора да признаете, чуда се прават.
За да ве убедиме, еве нешто за здравствените придобивки од тиквичките кои не само што се вкусни, достапни и можат да се приготвуваат во милион варијанти, па дури и да се јадат свежи, туку се богати и со хранливи материи.
Една шолја сечкани тиквички содржи околу 21 калорија, 1,5 грама протеини, помалку од 0,5 грама масти, 3,9 грама јаглени хидрати, вклучувајќи 1,24 грама влакна и околу 3,1 грама природен шеќер.
Откријте ги тука неверојатните својства на тиквичките…
Богати се со хранливи материи: тиквичките содржат витамини А, Ц и К, како и фолати, калиум и манган. Исто така се и добар извор на влакна.
Нискокалорични: Бидејќи има многу малку калории, тиквичките се идеални за оние кои се обидуваат да изгубат тежина или да одржат здрава тежина.
Го подобруваат варењето: Високата содржина на влакна во тиквичките помага во регулирање на дигестивниот тракт, спречува запек и го подобрува целокупното здравје на цревата.
Го поддржуваат здравјето на срцето: Калиумот во тиквичките може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, додека влакната помагаат во намалување на холестеролот, намалувајќи го ризикот од кардиоваскуларни болести.
Антиоксидантни својства: Тиквичките содржат антиоксиданти како што се витамин Ц и бета-каротен кои помагаат во борбата против слободните радикали и го намалуваат воспалението во телото.
Го поддржуваат здравјето на очите: Витаминот А и бета-каротенот се од суштинско значење за здравјето на очите, а нивното присуство во тиквичките може да помогне да се одржи добар вид и да се намали ризикот од макуларна дегенерација.
Го регулираат нивото на шеќер во крвта: Нискиот гликемиски индекс на тиквичките помага да се одржи стабилно ниво на шеќер во крвта, што е корисно за луѓето со дијабетес или за оние кои се изложени на ризик да развијат дијабетес.
Го подобруваат имунитетот: Витаминот Ц во тиквичките го зајакнува имунитетот, помагајќи му на телото подобро да се бори против инфекциите.
Вклучувањето на тиквички во вашата исхрана може да донесе многу здравствени придобивки, особено ако се консумираат како дел од урамнотежена и разновидна исхрана.
Здравствените придобивки на доматите
Доматите содржат огромна количина на вода, околу 95%. Останатите 5% главно отпаѓаат на јаглехидрати и растителни влакна.
Еден помал домат содржи околу 18 калории, 0,9 г протеини, 3,9 г јаглехидрати (2,6 г шеќери), 0,2 г масти, околу 1,5 г растителни влакна.
Доматите се исто така богат извор на следните витамини и минерали:
Доматите се корисни за дигестивно здравје, за помош при слабеење, а погодни се и за дијабетичарите
За дигестивното здравје: Сé повеќе студии укажуваат на значајноста на растителни влакна за слабеењето, намалувањето на шеќерот во крвта, но и за добрата дигестија. Тие допринесуваат за слабеењето и контролата на шеќерот преку попречувањето на работата на дигестивните ензими и врзувањето на водата, што може да промовира чувство на ситост. На тој начин и апсорпцијата на глукозата во крвотокот е намалена.
Фиберот исто така претставува храна за присутната природна, корисна микрофлора. Во последно време, сé повеќе студии го поврзуваат здравјето на цревната микрофлора со општото здравје.
Кардиоваскуларно здравје: Неколку студии на мажи од 40 – 50 години, даваат усогласени податоци кои велат дека оние испитанци со ниски нивоа на ликопен и бета каротен во крвта, имале поголем ризик од срцев и мозочен удар. Исто така, според достапните клинички истражувања, ликопенот може значително да влијае на намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта.
Постојат и повеќе студии според кои доматите можат силно да придонесат во намалувањето на воспалителните маркери во организмот, односно да го намалат оксидативниот стрес во телото.
За здравјето на очите: Бета каротенот или витаминот А е клучниот витамин за одржување на здравјето на очите, но и ликопенот се покажал како значаен.
Повеќе научни студии укажуваат дека овие нутриенти нé заштитуваат од најчестите очни заболувања, вклучително катаракта и макуларна дегенерација (очни болести кои се поврзуваат со возраста).
За кожата: Истражувањата велат дека храната богата со ликопен и останатите фитохемикалии кои се наоѓаат во доматите, може да не заштити од сончаница.
Витаминот Ц со кој е богат доматот, учествува во метаболизмот, односно продукцијата на колагенот, најчестиот протеин во телото кој е многу значаен за здравјето на кожата, но и коските.
Ликопенот и каротеноидите од доматите, според повеќе научни студии можат да делуваат на намалување на ризикот и од некои типови на малигни заболувања.
И конечно, доматите се поздрави кога се термички обработени. Затоа, ајде, спарете ги со тиквичките и додадете малку лукче и ќе имате совршен летен оброк.