Ако не стане премногу скапо, маслиновото масло може да помогне во борбата против деменцијата

Фото: Pexels
310

Студијата покажала дека луѓето кои консумираат повеќе од половина лажица маслиново масло дневно имале 28 отсто помал ризик од смрт од деменција во споредба со оние кои ретко или никогаш не го консумирале.

Студијата покажала дека оние кои ретко или никогаш не користеле маслиново масло се повеќе склони кон развој на состојби како што е Алцхајмерова болест.
Маслиновото масло, кое се смета за поздрава алтернатива на маслата од семки, е исто така корисно за спречување на губењето на когнитивната способност и смрт поврзана со ментален пад, покажало 28-годишното истражување на 92.000 луѓе.

„Зголемената потрошувачка на маслиново масло е поврзана со намален ризик од смрт предизвикана од деменција, без оглед на севкупниот квалитет на исхраната“, е заклучокот на тимот на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Харвард, чие истражување е објавено во стручното списание на Американско медицинско здружение (AMA).
Учесниците биле прашувани на секои четири години за количината на маслиново масло што го консумираат и воопшто, за нивните навики во исхраната, додека за смртните случаи, каде што е применливо, се барала причината за смртта, вклучувајќи ја и деменцијата.

Утврдено е дека оние кои ретко или никогаш не користеле маслиново масло биле повеќе склони кон развој на состојби како што е Алцхајмерова болест. Научниците објавија дека резултатите од долгорочното истражување водат до заклучок дека „внесот на маслиново масло претставува можна стратегија за намалување на смртноста од деменција“.

Студијата покажала дека луѓето кои консумираат повеќе од половина лажица маслиново масло дневно имале 28 отсто помал ризик од смрт од деменција во споредба со оние кои ретко или никогаш не го консумирале. Понатаму, замената на само една кафена лажичка маргарин или мајонез со еднаква количина маслиново масло дневно е поврзана со осум до 14 отсто помал ризик од смрт од деменција.

Со висока содржина на антиоксиданти и малку преработено, цеденото маслиново масло е поприродно од другите растителни и масла од семиња, кои се посиромашни со хранливи материи и без вкус поради методите на мешање и преработка.

Тимот од Харвард, исто така објави дека не е пронајдена врска помеѓу растителните масла или путерот и другите млечни производи со губењето на когнитивните способности.

Тие, исто така, посочуваат дека редовните корисници на маслиново масло развиваат дијабетес во помала мера од оние кои се повеќе склони да консумираат растителни масла и масла од семки, и дека е „можно“ готвењето на маслиново масло да е „показател за поздрава исхрана. Сепак, цените на маслиновото масло вртоглаво пораснаа во последните години, а оваа вредна намирница стана понедостапна за луѓето со пониски примања.