Ако страдате од висок притисок, пробајте ги овие три природни лекови

Фото: Pixabay
676

Покрај стандардната терапија, која е неопходна за регулирање на крвниот притисок, во лекувањето можат да помогнат и народните лекови

Секој втор човек има проблем со висок крвен притисок. Процентот на луѓе кои страдаат од хипертензија се зголемува со возраста, особено по 50-тата година. За жал, статистиката е сѐ помалку охрабрувачка, бидејќи меѓу луѓето со овој проблем се зголемува бројот на помлади лица.

Високиот крвен притисок може да биде знак за многу здравствени проблеми, од кардиоваскуларни до проблеми со бубрезите. За откривање на хипертензија е доволен апарат за мерење притисок. Ако вредностите на притисокот надминуваат 140/90 mmHg, тоа е знак дека може да имате проблем со висок крвен притисок. Покрај стандардните лекови што ги препишуваат лекарите, како поинаку да се бориме против високиот крвен притисок?

Еве три природни лекови кои можете да ги испробате и да видите дали ќе делуваат.

Чај од црни рибизли

Ставете две лажици суви црни рибизли во помало тенџере или ѓезве.
Истурете чаша топла вода и варете 10 минути на тивок оган
После тоа, оставете го напитокот да отстои еден час, па процедете го преку газа.
Пијте 1/4 шолја супа четири пати на ден.

Напиток од суво грозје

Ставете во ѓезве 100 гр суво грозје и прелијте го со топла вода, па варете околу 10 минути;

После тоа, исцедете го пијалакот преку газа.

Пијте еднаш или два пати на ден

Напиток со мед и лимон

Во 1 чаша минерална вода растворете една лажица мед и исцедете половина лимон.
Можете да го пиете ова наместо чај или кафе наутро.