Азуки гравот не содржи холестерол, богат e со протеини, се препорачува за дијабетичари

Фото: Freepik
96

Се користи како храна погодна за варење, но и како лек. Поволно делува на работата на срцето, тенкото црево и панкреасот, учествува во превенцијата од дијабетес и ги зајакнува коските

Азуки гравот е мешунка со потекло од Кина. Се користи како храна погодна за варење, но и како лек. Азуки зрната учествуваат во процесот на разградување на сложените јаглехидрати како гликоген и скроб, не содржат холестерол, но се богати со протеини.

Поволно делува на работата на срцето, тенкото црево и панкреасот, учествува во превенцијата од дијабетес и ги зајакнува коските. Поради својот сладок вкус, стана омилена храна за време на новогодишните празници во Азија, а со текот на времето е прифатен и од другите континенти во потрага по здрава храна.

Најзначајната придобивка од зрната азуки е нивната способност да помогне во губењето на тежината и да се справи со дијабетесот. Азуки гравот го оптимизира варењето. Богат е со висококвалитетни влакна, па го поттикнува движењето на храната низ дигестивниот тракт и овозможува непречено внесување на хранливи материи. Влакната помагаат да се елиминираат запек, дијареа, надуеност, како и сериозни состојби како што е ракот на дебелото црево.

Превенција и управување со дијабетес

Диететските влакна во овој грав исто така играат улога во регулирањето на инсулинската активност, такашто нивото на шеќер во крвта останува нормално. Овој тип на храна може да го спречи дијабетесот или барем да ги контролира неговите симптоми.

Регулирање на телесната тежина
Содржината на влакна, протеини и нискиот процент на маснотии ги прави зрната азуки одлични за апетитот и чувството на ситост. Ефикасен е за подобрување и забрзување на метаболизмот, добар извор е на енергија и влијае на психолошката стабилност.

Помага при кардиоваскуларни проблеми

Калиумот и магнезиумот, во комбинација со диеталните влакна во гравот азуки, претставуваат одличен кардиоваскуларен поттик. Калиумот ги релаксира крвните садови и го зголемува протокот на крв, намалувајќи го крвниот и притисокот врз срцето. Ова е одлична храна која ги намалува шансите за развој на атеросклероза и штити од срцеви и мозочни удари.

Протеинска сила за вегетаријанци
Значајна количина на протеини во зрната азуки е клучен елемент во исхраната, особено за веганите или вегетаријанците кои не добиваат протеини од животински извори.

Протеините го снабдуваат нашето тело со есенцијални аминокиселини и на тој начин учествуваат во создавањето на нови клетки, ткива и органи или го забрзуваат нивното опоравување.

Исхраната богата со зрна азуки поради високата содржина на протеини обезбедува извор на енергија за целиот организам.

Превенција на остеопороза
Ако сакате да спречите остеопороза и губење на коскената маса во подоцнежните години, редовно консумирајте азуки грав. Богатството на минерали како цинк, бакар и магнезиум во исхраната значително влијае на јачината на коските и ја спречува деминерализацијата.

Совет: Азуки гравот треба постепено да се внесува во исхраната, особено кога предизвикува проблеми со гасовите.