Багремов мед, багремов чај, багремов цвет, миризлив и здрав

Фото: Pixabay
91

Во народната медицина, чајот од багрем се користи поради неговите антивоспалителни својства при грип, настинка, покачена температура и кашлица. Исто така, цветовите стимулираат подобро лачење на жолчката, го намалуваат холестеролот и имаат диуретично и лаксативно дејство, поради што се користат за подобрување на варењето и ублажување на запек.

Во овој период од годината багрем има во изобилство, па е вистинско време, ако веќе не сте го

направиле тоа претходниве денови, да си наберете сега.

Порано можеби не знаевме многу работи за тоа зошто е нешто здраво да се консумира, ама

речиси сѐ што јадевме и онака беше здраво, од доматите, пиперките и краставиците, до кајсиите,

црешите, јаболката, дудинките, сливите и вишните кои ги беревме уште додека беа недозреани.

Ништо не фрлавме, ги јадевме семките од кајсии, ни правеа сокови од розите, од вишните кои сега

таму кадешто ги има, често остануваат на гранките додека не скапат од што веќе нема кој да ги

набере.

Како и да е, всушност, текстот требаше да биде за багремот.

Не залудно овој период е токму периодот кој пчеларите го нарекуваат главна – багремова паша и

не залудно, багремовиот мед е еден од најубавите и најценетите видови на мед кој обично се

препорачува за деца и за подобрување на имунитетот.

Иако потекнува од Северна Америка, ова листопадно дрво расте во изобилство насекаде низ

светот, вклучително и кај нас. Чајот од багрем со векови се користи во народната медицина и

древните хомеопатски и ајурведски лекови за лекување на разни болести.

Гумата или влакната (познати како гума арабика), екстрактите, лисјата, кората, стеблата, плодовите и

корените се користеле низ историјата за медицина, исхрана и како градежен материјал.

Денес, чајот од багрем е донекаде заборавен, иако нуди различни лековити придобивки, а како

медоносна билка е најпознат по врвниот багремов мед кој веќе го споменавме.

За подготовка на чајот, цветовите се берат непосредно пред отворањето и додека листот е сè уште

млад. По сушењето (сушете ги на блага „промаја”), цветовите се чуваат во херметички затворен

стаклен сад, за чајот да не ја изгуби својата арома.


Традиционалните билкари користат багрем за:

здравјето на срцето
здравјето на црниот дроб
проблеми со кожата
дигестивни проблеми
зајакнување на имунитетот
стимулација на метаболизмот
здравјето на респираторниот систем
проблеми со менструацијата
здравјето на очите
каснувања/убоди од инсекти.

Чај од багрем – лековити својства

Научните истражувања идентификувале различни растителни соединенија во багремот кои му

даваат лековити својства. Цветовите на багремот содржат бројни флаваноиди, витамин Ц,

минерали, есенцијално масло, гликозиди, пектини, смола и танини, а семките содржат протеини,

јаглени хидрати, витамини А, Ц и оние од Б комплексот (Б1, Б2, Б6) и железо, магнезиум, цинк и

фосфор.

Во народната медицина, чајот од багрем се користи поради неговите антивоспалителни својства

при грип, настинка, покачена температура и кашлица.

Цветовите делуваат како спазмолитици, па затоа топлиот чај од багрем ги ублажува грчевите и

стомачните болки и помага при главоболки.

Исто така, цветовите стимулираат подобро лачење на жолчката, го намалуваат холестеролот и

имаат диуретично и лаксативно дејство, поради што се користат за подобрување на варењето и

ублажување на запек.

Чајот од багрем помага при ревматизам, гастритис, киселини и чиреви на желудникот и

дванаесетпалачното црево.

Во хомеопатската медицина багремот се користи и за побрзо лекување на астма и бронхитис.

Чај од цвет од багрем – рецепт

Ако имате багреми кои растат во ваша близина, најдобро е сами да соберете доволно цвеќе за да

имате секогаш на дофат чај од цвет од багрем во домашната билна аптека.

Со оглед на тоа што има пријатен вкус и мирис, можете да го додадете во смесата со други чаеви.

Сварете 250 мл вода.

Во зовриената вода додадете една кафена лажичка суви цветови од багрем и тргнете ја од оган.

Покријте и оставете да отстои најмногу 30 минути.

Се цеди во чаша. Чајот од цвет од багрем послужете го топол, засладете го со мед и по желба

додајте неколку капки свеж сок од лимон.

За проблеми со дишните органи чајот засладете го со багремов мед. Пијте 1-3 шолји на ден.

Кога подготвувате чај, можете да додадете парче ѓумбир во зовриената вода или да го измешате со

други чаеви, како камилица, роза или бозел.