Кога ќе се спојат глуварче и маџун… Најдобри како превенција, ама и лек за различни здравствени проблеми

Фото: Pixabay
154

Иако кога станува збор за антиканцерогените ефекти на глуварчето, до денес не е
потврдено дека неговиот корен, било како екстракт или како чај, навистина ги убива канцерогените клетки кај живите луѓе како што го прави тоа во лабораториски услови, сепак, ова растение е одлична превентива и лек за многу здравствени состојби. А кога ќе се спои со еден производ како маџунот, дефинитивно, нема да згрешиме, освен во случај на алергија или кај хормонски зависни карциноми

Глуварчето или кај народот уште познато и како млечка (Taraxacum officinale) расте во многу делови

од светот. Кај нас, тоа е едно од најраспространетите и најлесно достапните растенија. Како деца,

најинтересно ни беше во онаа фаза кога изгледаше како нежно бело топче кое кога ќе

го дувневме брзо се разлетуваше на сите страни, а во рака ни остануваше само стебленцето. Некои

велеа дека од тоа можело да се оглуви ама бидејќи сме дувнале и премногу такви, а сѐ уште не сме

глуви, слободно можеме да го демантираме тоа.

А дека глуварчето може да биде од голема корист за здравјето и составен дел од нашето мени,

знаеле и нашите претци кои често го користеле како лек за различни здравствени проблеми.

Може да се јаде целото растение, а сите негови делови (коренот, стеблото, листовите и

цветовите) имаат свое значење за здравјето. Листовите се најдобри за употреба пред да процвета,

коренот во пролет, а стеблото во периодот на цветање.

Салатата се прави од раните, млади и пролетни листови собрани од чистите ливади, надвор од

населените места, а чајот пак, се приготвува од коренот, по неговото сушење и иситнување.

Глуварчето е полно е со витамини, минерали и растителни влакна. Неговите зелени листови се

одличен извор на витамините Ц, А и К, а содржат и помали количества на витамин Е, Б9 и други

витамини од Б групата. Содржи и минерали, како железо, калциум, магнезиум и калиум и е моќен

извор на антиоксиданти, бета-каротени и полифеноли кои во најголем дел ги има во жолтиот цвет,

но и во корењата и листовите.

Коренот е богат и со инулин, растворлив фибер кој е одличен за корисната цревна микрофлора.

Некои од биоактивните компоненти на глуварчето можат да придонесат за намалување на нивото

на холестерол и триглицериди во крвта.

Е токму тоа убаво и корисно растение кое го споиле со уште една природна состојка која е позната

по своите здравствени придобивки (маџунот), Емилија и Михајло Пехчевски , производители на

повеќе од 50 артикли изработени од состојки од еколошки чиста и здрава средина во нивното

место на живеење – Берово, е дел од нивните три производи кои се регистрирани како посебна

трговска марка – БОРОЏУН.

„Маџунот го земаме од Сашко од винарија „Ерос“ чии лозови насади имаат органски сертификат,

па заедно со глуварчето кое го собираме од најчистите предели на Малешевијата, овој сируп е

вистински еликсир.

Имено, маџунот е природен антиоксидант, содржи гроздов шеќер (гликоза и фруктоза),  богат е со

хидросолубилни витамини (В1, В2, Б6 и C), минерали (K, Na, Ca, P, Fe), танински материи,

флавоноиди и органски киселини и велат дека е исто толку хранлив колку и мајчиното млеко, а

во производството на нашиот сируп се користи и целата билка на глуварчето (вклучително и

коренот), која е силен имуностимулатор и детоксикатор.

Освен овој сируп од глуварче со маџун, имаме и боров сируп и сируп од врбовка во кои исто така

користиме природен засладувач направен од органско грозје (маџун), па оттаму и името Бороџун“,

објаснува Емилија.

Тие сами го собираат и боровиот цвет, исклучиво од бел бор (Pinus sylvestris) кој е посебно

корисен  за респираторни проблеми, а видот на врбовка што ја собираат е за уринарни проблеми

(зголемена простата, високи тумор маркери..).

Кога станува збор за антиканцерогените ефекти од глуварчето, бидејќи до денес не е

потврдено дека коренот на глуварчето, било како екстракт или како чај, навистина ги убива

канцерогените клетки кај живите луѓе како што го прави тоа во лабораториски услови,

Емилија и Михајло никогаш не го рекламираат својот сируп од глуварче и маџун како чудесен лек

против канцер, туку се држат до проверените информации и досегашните истражувања, а тие,

дефинитивно, одат во прилог на овие здрави производи од Малешевскиот регион.

Сепак, резултатите од лабораториските тестови за ефикасноста на екстрактот од корен од глуварче

во лекувањето на пациентите со рак, се ветувачки, иако научниците ги демантираат

сензационалистичките написи за чудесните својства на глуварчето во лекувањето на болните од рак.

Треба да се спомене дека покрај пациентите кои може да бидат алергични на растението, на веб-

страницата на Центарот за рак Memorial Sloan Kettering, организација посветена на помагање на

биомедицинските истражувања, се споменува и естрогенската активност на глуварчето поради која

глуварче не треба да се дава кај хормонски зависни канцери (на пример, кај канцер на дојка или на

матка).