Кога ќе ви останат банани, веројатно со нив правите колач. Пробајте ја оваа супер лесна варијанта со грчки јогурт
Состојки:
400 г грчки јогурт
5 јајца
2 банани
неколку капки ванила
1 лажица цимет
2 лажици мед
Приготвување:
Измешајте ги состојките со блендер, а потоа префрлете ја смесата во мал тркалезен калап обложен со хартија за печење. Печете на 180 степени околу 45 минути.