Блитвата не е бљак! Здрава, со малку калории, а многу хранливи состојки

Фото: Pixabay
208

На своето здравје ќе му направите многу голема услуга ако блитвата ја јадете сирова – во салата или во смути. Препорачуваме салата од блитва и рукола или бејби спанаќ која добро ќе ја зачините.

Во минатото на блитвата и се припишувале лековити својства, па затоа била исклучително ценет зеленчук. Денес најчесто се конзумира како прилог за риба, во комбинација со варен компир.

Но, бидејќи мнозинството од населението не јаде доволно риба, се занемарува и консумацијата на блитвата.
Благодарение на антиоксидантите кои ги содржи, блитвата е одлична за борба против слободните радикали. Таа е одличен избор на храна за трудници и доилки поради содржината на фолна киселина. Содржи витамини растворливи во вода како витамин Ц, но и витамини К, А и Е, познати како растворливи во масти.

Блитвата содржи магнезиум, калиум, железо и манган како минерали. Во помал дел содржи и други минерали како што се калциум и цинк и витамини од групата Б. Таа е и нискокалорична храна, па поради идеалниот сооднос на калории и хранлива вредност, јадењата со блитва треба почесто да се најдат на нашето мени.

Освен што ја рангираат помеѓу најздравите зеленчуци на светот, блитвата се смета и за една од најхранливите, па иако една порција има само 35 калории, заради изобилството на растителни влакна, долго време ве одржува сити.

Постојат безброј причини да јадете блитва почесто, а ние ќе се обидеме да ги сумираме  најважните. Богата е со витамини Ц, Б1, Б2 и каротин (провитамин А), витамин Е и значителни количини на витамин К, кој игра важна улога во згрутчувањето на крвта и го одржува здравјето и цврстината на коските.

Покрај тоа, таа е богата со магнезиум, железо, калиум, калциум и важни минерални соли. Содржи голем број на антиоксиданти за кои се верува дека ги намалуваат шансите за развој на хронични заболувања, но и на некои видови на карцином.

Има антиинфламаторно дејство, помага за зачувување на добрата крвна слика и здравјето на срцето и им помага на дијабетичарите.

На своето здравје ќе му направите уште поголема услуга ако ја јадете сирова, во салата или во смути. Салатата добро зачинете ја, додадете ѝ рукола или бејби спанаќ, а ако ја ставете во смути, ставете и состојки со силен вкус, како што се вишните и не се плашете дека ќе ви биде невкусно.

Ако сепак сакате прво да ја сварите, не претерувајте затоа што со долгото варење ќе си изгубат вредните состојки. Ако ги варите заедно петелките и листовите, тогаш ставајте ги прво петелките затоа што им треба подолго време за да се сварат, а листовите ставете ги потоа, за да не се случи да ви се преварат.