Бомбици со бадеми и урми

Фото: Freepik
352

Здравиот начин на исхрана или диета не се причина да се откажете од слатките. Само 10 минути и имате вкусен посен десерт, без брашно, шеќер и шпорет

Во овој рецепт, можете да ги замените бадемите со лешници или семки од сончоглед, да додадете суви кајсии или сливи. Ако сакате можете да додадете и сув ѓумбир во прав.

За овие бомбици ќе ви требаат урми кои ќе делуваат како засладувач. Исто така, тие се лепливи, па благодарение на тоа можете да ги обликувате во топчиња.

Урмите се неверојатно здрави: содржат 15 минерали, 23 амино киселини, витамини А, А1, С, В1, В2, В6, селен и флуор. Се верува дека урмите ги содржат сите потребни елементи и дека човекот може да се храни само со урми и вода неколку години. Но, важно е да знаете дека повеќето урми што ги гледате во продавниците не се толку здрави. Најчесто се сушат во печки, а не на воздух, се третираат со штетен сулфур диоксид против инсекти или се потопуваат во гликозен сируп за да бидат послатки. Таквите урми се обично се сјајни.

Секогаш е подобро решение да купите свежи природни урми без адитиви. Тоа се претежно ирански урми и можете да ги најдете во сите маркети и во неколку трговски синџири. Свежите урми се меки, сочни и имаат мат кожа.

Состојки за 15 бомбици со бадеми и урми

100 гр сирови бадеми
12 свежи урми
5 лажици (50 г) кокос во прав
Сок од ½ лимон
3 супени лажици вода
1 лажица мед (и не мора)
1 лажичка ѓумбир во прав
1 лажичка цимет
1 лажичка маслиново масло
1 лажичка сув ѓумбир
Прстофат сол
кокос во прав, цимет, сусам или афион за декорација

Приготвување:

Смелете ги бадемите во блендер или во мелница за кафе. Урмите исчистете ги од семките, па измешајте ги во блендер со вода и сок од лимон. Соединете ги бадемите, урмите и другите состојки и убаво измешајте додека не добиете лепливо „тесто“. Формирајте топчиња и валкајте ги во кокос, сусам, цимет или афион. Се ставаат во фрижидер малку да се стегнат.

Здравиот и вкусен десерт е подготвен!