Неправедно занемарен зеленчук: Содржи малку калории, богат е со антиоксиданти и ги спасува срцето и нервите

Фото: Pexels
232

Порано беше една од најкорисните намирници, но денес е прилично запоставена и ретко се наоѓа во нашите чинии, што е сосема неправедно

Ротквата има прилично ниска калорична вредност, но токму затоа е одлична за слабеење. Богата е и со други хранливи материи кои многу позитивно влијаат на здравјето на организмот. Дополнителен плус е што оваа намирница не чини многу.

Станува збор за растение кое потекнува од семејството на зелките, чие одгледување започнало на Блискиот Исток, од каде се проширило низ светот. Во Европа, била една од најчестите намирници до откривањето на Америка и појавата на компирот.

Без разлика дали ќе ги изберете листовите или коренот, ротквата е богат извор на витамини Ц и Б група, а најмногу витамин Б9, кој нормално позитивно влијае на срцето и развојот на нервниот систем на плодот. Покрај тоа, содржи и Б6 и К, чиј недостаток е обично поврзан со срцеви заболувања и остеопороза.

Покрај бројните придобивки, според неодамнешните истражувања, ротквата содржи и изразени антиинфламаторни својства, кои може да се препишат на глукозинолатите.

Поконкретно, една чаша од 130 грама сирова ротква исечкано на коцки има само 36,4 калории, занемарливи масти, 1,17 г протеини, 8,36 г јаглени хидрати, од кои околу половина се шеќер, 2,34 г влакна, 87, 1 мг натриум, 39 мг калциум, 35,1 мг фосфор, 27,3 мг витамин Ц, 14,3 мг магнезиум, а содржи и цинк, железо, фолати, витамин К.

Може да се подготви на многу различни начини, најчесто се вари на пареа или во вода, а може да се консумира и како супа или чорба.

Покрај тоа, популарна е и кисела, која се подготвува и јаде исто како киселата зелка.