Босанците и Македонците јадат најмногу компири во регионот

Фото: Pixabay
174

Според веб-страницата Vivid Maps, Белорусија е на прво место по потрошувачката на компири со 170 килограми по жител годишно, а во регионот водат БИХ, а веднаш зад нив е Македонија со потрошувачка од 61 кг по жител годишно

Веб-страницата Vivid Maps сподели интересни податоци за потрошувачката на компири во Европа на годишно ниво.
Оваа мапа е креирана според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) од 2020 година и ја прикажува просечната потрошувачка на компир во килограми по жител на секоја европска земја.

Она што се издвојува е секако големата потрошувачка. Имено, европските земји важат за најголеми потрошувачи на оваа намирница. Така, жителите на Белорусија се на прво место со 170 килограми по жител годишно. По нив следат жителите на Украина со 126 килограми, а третото место го делат Полска и Романија, чии жители просечно јадат и до 100 килограми годишно.

Во регионот, жителите на БиХ јадат најмногу компири – во просек 92 килограми. Најблиску до БиХ во однос на потрошувачката на компири е Македонија со потрошувачка од 61 килограм годишно. Жителите на Албанија и Словенија консумираат до 46 килограми по човек годишно. Во Србија просекот е 44 килограми, а во Хрватска 40 килограми. Жителите на Црна Гора консумираат најмалку компири во регионот, каде просечната потрошувачка по човек е само 31 килограм.