Браунис без глутен, ама не и без вкус

145

Нашата млада читателка Бојана Живанова Кизилирмак, ни испрати рецепт за безглутенски браунис и бидејќи веднаш го испробавме, може да ви потврдиме дека е одличен

Скопјанката Бојана Живанова Кизилирмак од неодамна преминала на безглутенска исхрана следејќи го советот на нејзиниот лекар, а за да си ги намали проблемите со надуеноста.

Тврди дека со помош на оваа промена се чувствува како нова.

Во овој рецепт за браунис таа употребила купечко брашно без глутен во кое имало брашно од леќа и од ориз, но со оглед на цените на овие брашна ние ви предлагаме да си го направите брашното сами. Рецепт за ова ќе најдете ТУКА.
Рецепт за безглутенски браунис:

Состојки:

3 јајца

1/2 шолја шеќер

1 шолја млеко

1/2 шолја сончогледово масло

1 ванила

2 лажици какао

1 прашок за пециво

1,5 шолја безглутенско брашно

100 г црно чоколадо за прелив

Приготвување:

Не заборавајте да го подмачкате садот за печење со масло.

Изматете ги јајцата и шеќерот, па додавајте ги полека сите состојки.

Истурете ја смесата во садот за печење и печете во загреана рерна на 180 степени. Испробајте дали е печено со помош на чепкалка.

Прелијте го изладениот колач со стопено чоколадо и по желба поросете со ореви.