Брза пица од течно тесто: Само измешајте со лажица и печете (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб
732

Кога сакате пица и немате многу време да го подготвите тестото – ова е совршениот рецепт.

Оваа пица која се прави толку лесно што воопшто не мора да ги извалкате рацете со брашно, има мека и малку течна текстура, а можете да го направите за само пет минути. Најлесниот начин да го измешате тестото е со лажица.

Тестото се става во претходно намрсен и набрашнет калап со пречник од околу 28 сантиметри или се дели во две помали калапчиња.

Тестото се пече заедно со сос од домати, а потоа се додаваат состојки по желба и сѐ заедно се враќа во рерна.

Состојки за пица од течно тесто:
250 гр брашно
250 гр вода на собна температура
8 г инстант сув пекарски квасец
1 лажица екстра девствено маслиново масло
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
сос од домати
рендан кашкавал по желба
суво оригано и свеж босилек
масло за калапот

Приготвување:
Истурете вода на собна температура и маслиново масло во голем сад. Додадете сол, шеќер, брашно и инстант квасец и сè убаво измешајте со лажица за да добиете еднолична смеса. Тестото треба да има леплива, мека и малку течна текстура.
Тестото префрлете го во калап за печење кој претходно добро сте го подмачкале и сте го посипале со брашно.
Над тестото додадете сос од домати и сув босилек.
Тестото се пече во загреана рерна околу 15 до 20 минути на 220 Целзиусови степени.
Извадете го тестото од рерна, одозгора додајте кашкавал или други состојки по ваша желба и вратете го во рерна да се пече уште 10 до 15 минути.
Послужете ја пицата топла. Добар апетит!