Новите истражувања откриле што јаделе нашите претци: Можеби ќе ве изненади што преферирале

Фото: Pexels
385

Најновото истражување покажало дека нивната исхрана се состоела од приближно 80 отсто растителна храна и 20 отсто месо. Ова откритие се спротивставува на традиционалното сфаќање на палео диетата, која го промовира концептот на исхрана богата со месо и ниска со јаглени хидрати, а резултатите поттикнуваат на размислување за посуптилен пристап кон праисториската исхрана, пишува Science Alert.

Во најновата студија која ги истражувала навиките во исхраната на праисториските луѓе, било откриено дека нивната исхрана значително се разликувала од традиционалното сфаќање на палео диетата. Студијата била спроведена на остатоци од луѓе закопани во Андскиот Алтиплан во Перу пред приближно 9.000 години, што придонело за нови сознанија за разновидноста на исхраната на овие праисториски заедници.

Конкретно, истражувањето покажало дека нивната исхрана се состои од приближно 80 отсто растителна храна и 20 отсто месо. Ова откритие се спротивставува на традиционалното сфаќање на палео диетата, која го промовира концептот на исхрана богата со месо и ниска со јаглени хидрати, а резултатите поттикнуваат на размислување за посуптилен пристап кон праисториската исхрана, пишува Science Alert.
Општо е верувањето дека праисториските луѓе главно јаделе месо, но новото истражување засновано на софистицирани аналитички техники ја менува таа перцепција. На пример, научниците сега можат да ги анализираат изотопите зачувани во човечките коски за да го откријат составот на нивната исхрана пред илјадници години.

Изненадувачки откритиja
Оваа студија ги доведува во прашање актуелните ревизионистички пристапи кон навиките во исхраната на праисториските заедници, поттикнувајќи ја претпазливоста при донесувањето екстремни заклучоци за навиките во исхраната на нашите предци.
„Би сакал да имавме помалку таков вид на ревизионистичка историја за да ги поддржиме нашите избори на исхрана, бидејќи има навистина малку докази за тоа“, вели Херман Понцер, професор по еволутивна антропологија на Универзитетот Дјук.

Како што технологијата за анализа на остатоците станува пософистицирана, може да научиме уште повеќе за изборот на исхрана на праисториските луѓе. Кој знае, можеби повторно ќе не изненадат со некоја нова информација.