Брзи лепчиња од тава

1.964

Ете, кога ќе останете без леб, а немате баш многу време за печење леб во рерна, секогаш можете да ги направите овие брзи лепчиња во тефлонска тава

Кога ќе заборавите да купите леб и ќе видите дека немате дури кога ќе дојдете дома, а надвор истура дожд, еве го овој рецепт кој можете да го направите буквално сите, дури и ако немате големо искуство во кујна.

Ви требаат само брашно, сол, вода и малку квасец. Значи, ова се идеални лепчиња за оние кои постат без масло.

400 г брашно

1 лажица сув квасец

малку сол

млака вода по потреба (околу 250 мл)

Замесете тесто, а водата додавајте ја полека, а ако ви е тестото и натаму лепливо, додадете брашно.

Месете го убаво, околу 10 минути, а потоа расукајте го на дебелина од околу пола сантиметар и вадете кругови со помош на поголема шолја или длабока чинија. Покријте ги и оставете ги да одморат околу пола час.

Потоа загрејте тефлонка тава и ставајте по 3 тркалца и кога ќе се испечат од едната страна, свртете ги од другата. Печењето трае по 2-3 минути.

Покријте ги со крпа и оставете да се изладат. Можете да ги полните со нешто по свој избор или да ги јадете наместо леб.