Брзи лепињи со хељдино брашно

322

Кога немате леб, а имате брашно, јогурт и прашок за пециво, тогаш немате проблем. Овие мали рамни лепчиња ќе ги направите побрзо отколку да одите да купите леб

Напишавме дека се ова мали рамни лепчиња со хељдино брашно, но всушност, ако не сакате или немате вакво брашно можете да ги направите и со обично бело или некое друго брашно по ваш избор.

Состојки:

1 чаша (од 2 дцл) јогурт плус за премачкување
2 чаши брашно (ние ставивме една шолја хељдино, една шолја бело брашно)
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за пециво

Приготвување:

Прво вклучете ја рерната на 200 степени.

Потоа, измешајте ги состојките и замесете тесто. Поделете го на 3-4 дела (зависи колку лепчиња сакате), расукајте го тестото во круг. Засечете ги ако сакате лепчињата, покријте го плехот со хартија за печење, ставете ги лепчињата, премачкајте ги со јогурт и поросете ги со црн ким.

Печете ги додека не поруменат. Би требало да се готови за 15-20 минути.