Брзо слабеење со брза храна: Инфлуенсерот Кевин Мегинс ослабел 26,5 килограми за 100 дена со Мекдоналдс сендвичи (ВИДЕО)

Принтскрин: Тик-Ток
301

Инфлуенсерот Кевин Мегинс кој има 56 години се одлучил за диета заснована на брза храна и успеал да ослабе 26,5 килограми. Најдобро од сѐ е што и резултатите од крвната слика биле во граници на нормала

Педесетишестгодишниот инфлуенсер Кевин Мегинс одлучил да спроведе експеримент кој вклучува јадење само оброци од популарниот синџир за брза храна – Мекдоналдс – во текот на 100 дена.

Кога стигнал до 43-тиот ден, Кевин открил дека овој режим на исхрана дефинитивно, функционира. Неговата тежина паднала од 108 на 81,5 килограми.

Во гостувањето во шоуто Today Show, Мегинс објаснил дека дел од тајната на неговиот успех е тоа што јаде само половина од понудената храна со секој оброк и наместо газирани пијалаци пие вода. Исто така, не консумирал алкохол или грицки.

„Бидејќи јадев малку, секогаш бев гладен до следниот оброк“, рекол тој, повикувајќи ги другите да престанат да избегнуваат одредени видови храна и да се фокусираат на големината на порциите.

После ваквата диета направил и крвна слика. Дознал дека нивото на холестерол му паднало, како и триглицеридите. Тој бил во фаза на преддијабетес, а нивото на шеќер во крвта му било во здрави граници, тврди тој.

Неговата диета стана вирална на Тик-Ток и многумина го следеле неговиот напредок.