Чај од лисја од маслинки против холестерол, висок притисок,…

Фото: Unsplash
134

Постои долг список на болести кај кои помагаат соединенијата во лисјата од маслинки. Затоа, употребата на чај од лисја од маслинки може значително да го подобри вашето здравје ако страдате од срцеви болести, ако имате висок холестерол, атеросклероза, херпес, артритис, дијабетес, синдром на хроничен замор, хепатитис А, Б и Ц, менингитис (вирусен и бактериски), чир на желудник, грип, воспаление на уринарниот тракт,…

Постои долга историја на употреба на лисјата од едно од најстарите дрва на планетава – маслинката.

Овој многу стар рецепт за чај од лисја од маслинки е запишан дури и во Ведите, најстариот запис на земјинава топка, а маслиновото дрво се споменува повеќе од 1000 пати и во Библијата. Иако во денешно време акцентот е ставен на плодовите и неговите производи, овојпат ќе ги наброиме фантастичните својства на лисјата од маслинките кој многу се користат во Ајурведата.

Маслиновите лисја кријат многу лековити својства. Најактивното соединение во лисјата од маслиново масло, кое главно е поврзано со терапевтски ефекти, се нарекува олеуропеин (горчлив монотерпен глукозид) и има исклучително силно антибактериско дејство. Маслиновиот лист ја подобрува состојбата на голем број болести предизвикани од микроби – пневмонија, гонореја, туберкулоза, грип, менингитис, хепатитис Б, херпес, итн. Добар е и за инфекции на уринарниот тракт, но и за хируршки инфекции. Докажано е дека маслиновиот лист истовремено спречува и инфекции предизвикани од дејството на габите. Соединенијата присутни во маслиновите лисја обично се споменуваат во контекст на зајакнување на имунолошкиот систем, зголемување на енергијата на организмот, имаат антивирусно, антипаразитно, антибактериско и антигабично дејство, намалуваат или дури и елиминираат многу здравствени проблеми. На пример, го намалуваат крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта и нивото на ЛДЛ (лош холестерол, односно лоши маснотии поврзани со развој на васкуларни и срцеви заболувања) во крвниот серум.

Постои долг список на болести и особено патолошки микроорганизми кои се уништуваат со помош на соединенијата од лисјата на маслинките.

Ако страдате од некоја од следниве болести, употребата на чај од лисја од маслинки може значително да го подобри вашето здравје: срцева болест и регулација на срцевиот ритам, високи маснотии во крвта, атеросклероза, херпес, артритис, дијабетес, синдром на хроничен замор, хепатитис А, Б и Ц, менингитис (вирусен и бактериски), вагинитис, ботулизам, дифтерија, листеријала, чир на желудник, грип, воспаление на уринарниот тракт, енцефалитис, хламидијални инфекции.

Како да направите чај?

За чаша од 2-3 децилитри чај ви требаат: 15-20 суви лисја од маслиново дрво. Водата зовријте ја, додадете ги лисјата и варете ги уште 2-3 минути. Оставете ги лисјата во вода уште 10 минути и извадете ги. Не е добро лисјата да стојат долго. Може да пиете ладен или топол чај со мед, лимон или без ништо.

Треба да пиете чај секој ден за да почувствувате подобрувања на здравјето. Препорачливо е чајот да се пие превентивно со цел да се спречат овие болести. Чајот има благ вкус со едвај забележлива горчина. Лисјата се мијат и се сушат на воздух, а се ​​чуваат во затворен сад заштитен од сончева светлина.

Најновите истражувања потврдиле дека чајот од лисја од маслинки има повеќе антиоксиданти дури и од зелениот чај, што го рангира меѓу најздравите чаеви на светот.