Чајот од црн пипер е лек над лековите: ја смирува кашлицата, го намалува холестеролот и помага при ревматизам и запек

Фото: Pexels
340

Црниот пипер е одличен за продуктивна кашлица, а истражувањата велат дека го регулира нивото на шеќер во крвта. Ефикасно е и кога имаме главоболка или гадење, а спречува когнитивни проблеми и појава на деменција и Алцхајмерова болест. И тоа не е сѐ

Црниот пипер има неверојатно лековито дејство, има антибактериски, антиоксидантни и антиинфламаторни својства, што го прави силен сојузник во борбата против многу здравствени проблеми.

Црниот пипер е одличен за продуктивна кашлица, а истражувањата велат дека го регулира нивото на шеќер во крвта. Ефикасно е и кога имаме главоболка или гадење, а спречува когнитивни проблеми и појава на деменција и Алцхајмерова болест.

Пиперот се користи уште од многу одамна поради неговиот пикантен вкус како еден од омилените зачини, но и како ефикасен природен лек за различни состојби. Има одлични антиоксидантни, антибактериски и антиинфламаторни својства. Неговата најпозната состојка е пиперинот, кој на вкусот на пиперот му дава пикантна арома, но е и супстанца одговорна за најголем број лековити дејства.

Како зачин, не само што дава автентична арома, туку и го чисти респираторниот тракт, а исто така е и природен диететски извор на витамини Ц, К и манган. Чајот од црн пипер, и покрај многуте корисни својства, не треба да го пијат трудниците и доилките.

Кај кои состојби може да помогне црниот пипер?
И сувите семиња и зрната пипер можат ефикасно да помогнат во лекувањето на диспепсија (дигестивни нарушувања), запек, но и дијареа, уринарни инфекции, чиреви, артритис, ревматизам, забоболка и главоболка. Интересно е што може да помогне и при опоравување на матката по породувањето.

Црниот пипер е одличен за продуктивна кашлица, а истражувањата велат дека го регулира нивото на шеќер во крвта. Ефикасно е и кога имаме главоболка или гадење, а спречува когнитивни проблеми и појава на деменција и Алцхајмерова болест.

Црниот пипер ја подобрува апсорпцијата на корисни растителни компоненти од други лековити растенија, а најдобар пример е куркуминот. Комбинацијата од куркума и пипер даваат фантастични ефекти при слабеење, топење на масните наслаги, намалување на холестеролот и спречување на депресија.

Чај од куркума и пипер за слабеење, забрзување на метаболизмот и исфрлање на вишокот течности
Состојки:

мелен пипер (1/4 лажичка)
вода (2 чаши)
куркума (половина кафена лажичка)
сок од лимон (1 кафена лажичка)
мед (2 лажички)

Приготвување:

Истурете вода во тенџерето и додадете куркума и пипер. Добро измешајте и варете 10 минути.

Процедете и истурете во стаклени чаши. На крајот, во секоја чаша додадете мед и сок од лимон.

Пијте една шолја наутро и една навечер.

Не се препорачува за бремени жени, доилки и луѓе кои страдаат од хемофилија, како и дијабетичари.

Црн пипер и мед помагаат при продуктивна кашлица
Состојки:

свежо мелен пипер (1 кафена лажичка)
мед (1 кафена лажичка)
2 дцл вода

Приготвување:

Во чаша ставете мед и пипер и прелијте со топла вода. Потребно е убаво да се измеша за да се соедини и растопи медот.

Оставете да отстои 10 минути и повторно измешајте. Пијте во неколку лесни голтки, а можете да пиете и по две шолји дневно.

Ова ќе биде доволно за кашлицата да престане и да се засили искашлувањето.

Чај од куркума, пипер и ѓумбир за имунитет, депресија и болки во зглобовите
Состојки:

пипер (20 зрна)
куркума (1 лажица)
малку рендан ѓумбир
вода (2,5 дцл)
мед (лажица)

Приготвување:

Измешајте зрна пипер, куркума и ѓумбир и сè прелијте со зовриена вода.

Оставете покриено да отстои околу петнаесет минути. Процедете и додадете мед.

Овој чај е доста јак и не смеат да го консумираат лица со дигестивни проблеми, како и оние кои се на антикоагулантна терапија.