Чајот од оваа билка го штити црниот дроб, ја намалува надуеноста и чисти од токсини: Таа е еден од најмоќните природни антиоксиданти

Фото: Pexels
876

Чајот од рузмарин е добар за се – еликсир на здравјето кој благотворно делува на варењето и концентрацијата!

При природното лекување често забораваме на една билка, а неговите лековити својства не се мали. Станува збор за рузмарин, растение кое содржи витамини, минерали и антиоксиданти, а со векови се користи како храна и лек.

Рузмаринот го подобрува варењето на храната, позитивно влијае на концентрацијата и фокусот, богат е со фитохемикалии кои го забавуваат стареењето и го отстрануваат оксидативниот стрес. Овој лековит зачин може да се користи на многу начини. Можете да го додадете во вашите омилени салати и домашни јадења, да го консумирате како чај или да нанесете есенцијално масло од рузмарин на кожата и косата.

Чајот е особено корисен за варењето и здравјето на црниот дроб. Кога се консумира редовно, го намалува ризикот од воспаление и е одличен за детоксикација. Ова растение е одличен природен сојузник во борбата против стресот. Рузмаринот го намалува нивото на кортизол, односно хормонот кој се лачи кога сме под стрес.

Чајот од рузмарин позитивно влијае на цревната микрофлора што го прави природен лек против надуеност и грчеви. Антиоксидантите од рузмаринот можат да помогнат во намалувањето на шеќерот во крвта, поради што ова растение се користи и како зачин во исхраната против отпорност на инсулин. Топол пијалок од рузмарин е исто така одличен извор на витамин А, витамин Ц, каротеноиди, калиум, калциум, магнезиум и фосфор.

Како да подготвите чај од рузмарин?

Прелијте една лажичка сув рузмарин со 200 мл зовриена вода. Покријте го и оставете да отстои околу 15 минути, а потоа процедете и консумирајте една до две шолји чај дневно.