Пијалак од 3 состојки за брзо слабеење

Фото: Unsplash
422

Овесниот напиток за слабеење се пие наутро и навечер, го забрзува метаболизмот и ги симнува килограмите! Особено се препорачува за жените во менопауза

За да изгубите тежина, потребна ви е урамнотежена исхрана со многу свежо овошје и зеленчук, житарки од цели зрна и пиење доволно вода. Исто така, физичката активност е неопходна, како за здравјето, така и за самиот процес на слабеење. Но, благодарение на извонредните и лековити состојки од природата, можете лесно да го забрзате овој процес.

Ви пренесуваме рецепт за напиток од овес кој благотворно делува на симнување на несаканите килограми и забрзување на метаболизмот, а особено се препорачува за жени над 50 години. Метаболизмот се успорува со возраста, а овој пијалак може да помогне да се забрза.

Овесот содржи бројни витамини и минерали, како што се манган, фосфор, бакар, витамин Б1, железо, селен, магнезиум и цинк. Богат е со аминокиселини, антиоксиданти, кои се неопходни за чистење на телото од токсини, како и влакна кои се неопходни за слабеење и во борбата против запек.

Ви пренесуваме рецепт за моќен пијалак кој ги намалува килограмите. Се препорачува да се напиете шолја наутро на празен стомак и навечер пред спиење!

Состојки:

1 шолја излупени овесни зрна

2 литри вода

лимон

Приготвување:

Овесот и водата се ставаат во тенџере и се варат додека не зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја топлината и варете уште 15 минути. Оставете да отстои околу 5 часа. После тоа, процедете и истурете во шолја и во напитокот додадете парче органски лимон со лушпата. Не го фрлајте овесот, туку изблендирајте го и од него правете колачи или каша.